Неделното дерби меѓу Олимпик Марсеј освен што може да биде еден од клучните натпревари за шампионската титула, големо внимание ќе се посвети и на трибините. Тие ќе бидат под надзор на камери кои од хеликоптер ќе ги ловат активностите на домашните навивачи кои имаат преголема слобода за време на натпреварите.
Францускиот весник La Provence во последната репортажа апелира дека чадот кој се шири на трибината каде се собираат навивачите на Марсеј сериозно ги загрижува родителите чии деца одат на стадион.
Тоа не е никаква новост бидејќи со години наназад познато е дека Велодром е слободна зона каде се пуши марихуана и канабис, а се продава и дрога. Клубот негира поврзаност и одговорноста ја префрла кај полицијата
„Здравјето на навивачите е една од нашите најважни грижи. Контролите на влез се прават секогаш, но не можеме секогаш да ја лоцираме марихуаната. На проблемот треба да му се спротистави и полицијата. Се разбира дека на големиот меч против ПСЖ нема да може да направиме револуција во навиките на навивачите кои Велодром го претворија во канабис зона“, стои во соопштението на клубот.
Пушењето цигари веќе подолго време е забрането на многу стадиони како на пример на Паркот на принцовите. Марчело Липи веќе долго време не смее да запали пура, а Арсен Венгер на Емирати е без цигара во рака од 2005 година.
На Велодром не важат тие правила. Првиот човек на Марсеј, Винсент Лабрун во вип ложата редовно пуши цигари. Ноо тоа што загрижува се навиките на навивачите кои фудбал гледаат надувани, а главни ликови на нивните транспаренти се Боб Марли и Че Гевара.
Навивачите на Марсеј важат за строго лево ориентирани и имаа збратименост со оние на АЕК, а познато е во Франција се мразат најмногу со фановите на ПСЖ.