Хајнц Хонерт (95), Ервин Вармке (87), Хајц Гис (91), Урсула Лоренц (90), Елфриеде Дуда (77), Ервин Ернст (82) и Ерика Холтерман (82) се ѕверовите кои и на стари години дишат со нивниот омилен фудбалски клуб Шалке.
„Blue and white, how do I love you“ ечи од пензиорскиот дом во Гелзеркирхен. За нив не е важна пензијата, туку едвај чекаат да дојде викенд за да се впуштат во 90 минутно уживање во Бундеслигата.
Не е рекорд ако пишеме за некој навивач дека неговата верност кон некој клуб трае 50 или 60 години. Овој фан клуб е вистинска легенда, а нивните членови го следат Шалке од пред Втора светска војна. 95 годишниот Хајнц Хонерт се сеќава на првото првенство на кое учествувал неговиот тим во далечната 1934 година.
„Имав 14 години и сакав да одам на стадион, но за жал преносот го слушав само на радио“, вели Хајнц.
Бундеслигата е формирана во 1963 година, но нив ги служи меморијата од порано.
„Сите се сеќаваме на пример на германското првенство од 1958 година. Тогаш одевме и на работа, но секако имаше време и за гледање фудбал“, вели Урсула.
Најстарите навивачи на Шалке, станаа и познати со помош на тв Скај кој ги почасти со ресивер за да го гледаат секој пренос во нивниот дом кој е обоен во сино бела боја. Легендарните навивачи оваа сезона беа специјални гости и на стадионот на нивниот клуб, а потоа беа домаќини на Џералд Азамоа.
Им посакуваме да дишат со Шалке и 100 години.
Репортажа на Скај
Од јутјуб каналот на Бундеслига