Селекцијата на Македонија за играчи до 16 години не успеа да освои турнир ниту во друштво со репрезентации кои имаат ужасно слаб рејтинг. Со Малта и Гибралтар одигра нерешено и потоа ги победи на пенали, а Сан Марино каде повеќето од играчите се келнери и пожарникари го добија само 1:0.
Победник на турнирот е домаќинот Гибралтар, бидејќи славеше над Малта со 2:0 и Сан Марино со 3:0 во регуларниот дел, а израмнувањето против Македонија им успеа во судиското продолжение од мечот и тоа додека нашите млади надежи се радуваа за водството од 1:0.
Голот е регуларен и Гибралтар имаше право да ја изведе топката од центар, бидејќи сите македонски фудбалери се наоѓаат на својата половина. Некој требал да ги научи нашите репрезентативци колку време се троши на прослава на гол за да нема ваков резил, особено од последната фудбалска земја во светот која има 30.000 жители и е членка на УЕФА од пред само две години.
Мотајте на 91:30
Вакво нешто објавивме пред неколку дена и се случи на меч меѓу Замбија и Мозамбик.
Нè објавија и во Гардијан.