Битката за 183 милиони евра

Дека Јувентус и Баерн Минхен за два месеци ќе ја зголемат бројката на шампионски титули веќе е јасно, исто како што предноста од +6 пред Сити, Мурињо сигурно ќе најде начин да ја задржи. Луд финиш во првенството годинава ќе има во втората англиска лига.

Во Чемпионшип лигата која брои 24 екипи изгледа дека ќе биде драматично се до последното коло за челните позиции на табелата, каде во игра се дури 8 јунаци за влез во елитата.

Лидер на табела е Борнмут кој брка прв историски пласман во Премиер лигата. Но ништо не му е сигурно, бидејќи на четвртиот на табела му бега само 3 бода, додека разликата до осмиот на табела изнесува само 8 бодови.

До крајот на сезоната во втората англиска лига за која не се памети ваква неизвесност има уште само седум кола, а во игра за првите две позиции кои носат директен пласман се Борнмут, Ватфорд, Мидлсборо, Норич, Дерби, Ипсвич, Брентфорд и Вулверхемптон.

Втората можност за влез во Премиер лигата, овие екипи ќе ја имаат преку плејофот каде ќе се борат четирите кои ќе завршат од третото до шестото место. Само еден од нив ќе слави и тоа на финале на стадионот Вембли пред 80.000 навивачи.

Влогот е огромен бидејќи само пласманот во Премиер лига вреди 85 милиони евра, а потоа во наредните пет сезони прволигашот добива уште 98 милиони евра. Тоа значи дека на 2 мај ќе се радуваат две екипи и уште една од плеј-офот кои од скапиот колач на островот ќе земат секој по 183 милиони евра.

Пеколниот распоред стартува денеска, а во наредните 11 дена ќе се одиграат дури четири кола. Главни фаворити нема, бидејќи лидерите на табелата се менуваат како да е почеток на сезоната.

Играј ги на Типстер.

3 април 2015 - 12:55