Поранешниот српски репрезентативец кој настапуваше за Јувентус и Лацио, најмногу се прослави во Реал Сосиедад за кој даде 92 голови. Тоа што играше во една од најсилните лиги во светот и што го полнеше со голови и Реал Мадрид не го дигна во облаци. Во 1997 година додека беше дел Примера дивизион, најде време да заигра на турнир во Зренањин, каде ја почна кариерата во 1992 година.