Флорентино Перез во Реал Мадрид е по втор пат. Првите двајца десни бекови што му се придружија на кралскиот клуб по доаѓањето на Перез се Серхио Рамос (27 милиони евра) и Диого (6,5 милиони евра). И двајцата дојдоа во летото 2005. година, а следниот септември на Сантијаго Бернабеу пристигна десниот бек Сисињо. Неколку месеци подоцна, Перез се повлече од клубот поради слаби резултати.
Клубот не пазараше десни бекови во отсуство на Перез, а откако се врати во 2009-та, Серхио Рамос беше единствен од тројцата бекови што остана во Реал Мадрид. Летото 2009, Алваро Арбелоа се врати од Ливерпул и кога Серхио Рамос играше како стопер, позицијата десен бек ја покриваа Ласана Дијара, Михаел Есиен, Хамит Алтинтоп, Рафаел Варан и Раул Албиол.
Дани Карвахал го повикаа од клупската академија, но тој во 2012 замина во Баер Леверкузен каде му нудеа првотимски статус. Истата година од Рио Аве во Реал Мадрид на позајмица дојде Фабињо. Следната 2013-та, Флорентино Перез се одлучи за 6,5 милиони евра да го врати Карвахал од Баер Леверкузен (прогласен беше за најдобар бек во Бундеслигата).
Последен десен бек кој дојде во времето на Флорентино Перез е Данило од Порто, за кого Реал Мадрид одвои 31,5 милиони евра.