На стартот од август минатата година фудбалерите на ПСЖ сезоната ја отворија со трофеј во Супер купот откако во финале го совладаа Генгамп. Но тоа им беше само загревање пред долгата сезона со збиен распоред која исходот ќе го покаже до крајот на овој месец.
Лорен Блан во последно време се соочи со многу критики за играта на неговиот тим кој се наоѓа na лидерската позиција во домашното првенство со само бод зад Лион и два бода зад Марсеј. Во следните три недели или ќе биде уште повеќе на тапет на критичарите или ќе им ги затне муцките.
Пеколниот распоред го почнуваа во недела на Велодром против Олимпик Марсеј, големо дерби кое може да биде клучно за титулата во Франција. По само три дена играат полуфинале во купот против Сент Етјен, а потоа во сабота ќе се борат за трофеј во Лига купот бидејќи ги очекува финален меч против Бастија.
Евентуален пораз во финале, нема ништо да смее да им го менува расположението, бидејќи по четири дена одат на мегдан против Барселона во првото четвртфинале од Лигата на шампионите. Парижаните бараа да се помести датумот за финалето против Бастија, но од федерација не им дозволија.
По дуелот со Каталонците, ПСЖ има тешко гостување во Лига 1 против Ница, а три дена подоцна го игра реваншот против Барселона. Последните два меча за месец април ги играат на домашен терен против Лил и Мец на 25-ти и 28-ми.
Тимот на Лорен Блан е еден од ретките клубови во Европа кој до крајот на сезоната ќе се борат за четири трофеи: Куп, Лига куп, првенство и Лига на шампиони. На првата пресметка против Барселона право на настап немаат Ибрахимовиќ и Верати.
Распоредот на ПСЖ:
4 април (сабота) Марсеј – ПСЖ, Лига 1
8 април (среда) ПСЖ – Сент Етјен, Лига 1
11 април (сабота) Бастија – ПСЖ, Лига куп, финале
15 април (среда) ПСЖ – Барселона, Лига на шампиони, четвртфинале
18 април (сабота) Ница – ПСЖ, Лига 1
21 април (вторник) Барселона – ПСЖ, Лига на шампиони, четвртфинале, реванш
25 април (сабота) ПСЖ – Лил, Лига 1
28 април (вторник) ПСЖ – Мец, Лига 1