Offside

Ако некој ви кажеше дека ќе гледате ваков Комо во Лигата на шампионите пред некое време, дали ќе му поверувавте?

19.683 сценарија за титулата во Белгија

Белгискиот статистичар, Јан ван Харен си поигра со бројки пред крајот на сезоната во првенството и стигна до резултати кои веројатно само тој си ги разбира.

Дејан Манасков со потег на колото во Германија

Во 13-та сезонска победа на неговиот Вецлар, Дејан Манасков постигна шест голови, од кои еден беше право ремек дело. Вецлар во моментов е деветто пласиран по 26. одиграни кола.

На ЕП 2016 во Франција за 25 евра

Европската куќа на фудбалот означи старт за сите заинтересирани кои од денес ќе може да аплицираат за карти за првиот Еврошампионат кој ќе се игра со 24 репрезентации.

Лудовик Жули на 38 години

Французинот кој играше за Лион, Монако, Барселона, Рома, ПСЖ и Лориен се повлече од фудбалот во 2013 година. Но тоа не значеше целосно пензионирање. Тој е дел од четвртолигашот Мон Дор Азерг каде ја почна кариерата и чиј стадион го носи неговото име. Мотивацијата за голови, ќе ви ја каже самиот.

Ти само давај голови, јас ќе кршам тавани

Навивачот на Ипсвич, Рос Морган толку се израдувал кога неговата екипа израмни во саботата против Норвич што од радост го дупнал таванот во дневната соба. Стрелецот на голот, Пол Андерсон се понуди да ја надомести штетата.

Како да го опишеме голов на Фалкао?

37 годишниот Бразилец без сомнение е најдобриот футсал играч на сите времиња. На својот инстаграм профил ja постираше неговата последна мајсторија, до сега не видена со топка.

Германска упорност или каталонски печат?

Ретко кој му дава шанси на Баерн Минхен по убедливиот пораз од Барселона во првиот меч, но Пеп Гвардиола уште не се откажал. Барса нема примено гол на последните 8 натпревари, а Баерн даде 13 на двете последни средби од ЛШ во Минхен.

Мајсторе сакам фризура со ликот на Нејмар

Во пресрет на реваншот од полуфиналето на ЛШ меѓу Баерн и Барселона, од Сао Паоло пристигна нова мода. Нејмар е идол на младите во Бразил, кои се натпреваруваат кој повеќе ќе го воздигне напаѓачот.

Лева рака десен џеб на прес конференција

Навивач на Индепендиенте во Аргентина во улога на новинар го следел пресот по мечот на неговиот клуб со Бока Јуниорс (1-1). На крај од конференцијата ја покажува својата љубов кон омилениот клуб на дело.

Трилерот продолжува, Атланта израмни на 2-2 против Вашингтон

Двата најдобри тима од регуларниот дел во НБА лигата се разбудија после поразите и славеа на гостински терен против Мемфис односно Вашингтон.

Џаро и најголемиот скандал во југословенскиот фудбал

Местенките во фудбалот не почнаа од Христијан Илиевски, ниту од Лучано Моџи. Тие порано не се правеле за кладилници, туку по принципот „на ти дај ми“ за шампионска титула, опстанок или излез во Европа. Се мешале и моќните политичари, а во оваа историска година Вардар играл чисто.

Јунакот на Заир што ја рогна топката за да остане жив

Минатиот петок во ДР Конго почина поранешниот репрезентативец на Заир, кој стана познат по гестот против Бразил на Мундијалот во Германија пред 31 година за кој му се смееше цел свет, а тој го направил од мака.

Тениската победа на Милан против Интер

На денешен ден пред 14 години, Милан ја оствари една од најголемите победи против градскиот ривал Интер. Со головите на Џани Командини (2), Шевченко (2), Сержињо и Федерико Џунти, Росонерите ги декласираа Нероаѕурите со 6-0.

Пет ефектни голови во Бундес лигата викендов

Во финишот на германското фудбалско првенство некои екипи се борат за опстанок, а некои за излез во Европа. И во таква ситуација паѓаат убави голови.

Богатата колекција на Пике

Фудбалерот на Барселона бајаги се посветил на своето хоби и бирал славни колеги на кои им ги собирал дресовите по натпревар.

Игуаин: Требаше да ни ја пуштите

„Раководните луѓе на Наполи ни велеа дека треба да загубиме затоа што веќе сме испаднати од прва лига. Ми се гади од коментарите“, изјави стратегот на Парма.

Историјата на Јуве низ цртан филм

Основните бои на Јувентус се розеви, а црно-бели стануваат во 1903. година кога еден англиски клуб им праќа нова гарнитура дресови. Еве и зошто Старата дама има повеќе поклоници во Италија од сите други клубови.

Славје во Подгорица за европскиот првак

Навивачите на Будуќност од повеќе градови во Црна Гора пристигнуваа во Подгорица да ја прослават титулата во Лигата на шампионите на Будуќност. До вториот трофеј во елитното натпреварување Будуќност стигна на убедлив начин.

И Леброн Џејмс побрз од сирената, му врати на Дерик Роуз

Израмнетиот дуел синоќа во Чикаго меѓу Булси и Кливленд го добија Кавалирс 86:84 со двојката на Леброн Џејмс во последната секунда.

Фудбалерите на Ајакс мамини галеници

Играчите на амстердамскиот клуб на оригинален начин го одбележаа светскиот Ден на мајката и пред почетокот на дуелот со Ден Хаг излегоа на терен со своите мајки. Копјаниците го добија првенствениот дуел 3:0.

Нико Розберг победник на Каталуња

Шампионатот во Ф1 продолжи со денешната трка за ГН на Шпанија, на патеката Каталуња каде Германецот Нико Розберг од Мерцедес прв ја помина целта.

Вардар трет во Европа, бронза на Ф4 за црвено-црните

Ракометарките на Вардар втора година по ред ќе се качат на подиумот со најдобрите европски екипи, откако денес во дуел за 3. место го совладаа Динамо Синара 28:26.