Во предградието на Сао Паоло, 27-годишниот уметник Наруко им ги исполнува желбите на помладите навивачи и им прави фризури по нивна желба. Наруко за себе вели дека одбрал да се бави со оваа професија за да покаже дека и фризерајот е уметност.
„Момчето дојде кај мене и ме замоли да му направам фризура со ликот на фудбалерот на Барселона. Знаете, Нејмар е вистински идол на младите во Бразил и готово потсвесно ги тера да се занимаваат со спорт. Успеав да го спојам убавото со корисно", вели слободниот уметник Наруко.
Барса вечерва го игра реваншот со Баерн во Минхен. Првиот дуел на Камп Ноу заврши 3:0, така што Каталонците со една нога веќе се во финалето во Берлин. Освен ако не се случи чудо, слично на изборот за фризура на младиот Бразилец.