Германска упорност или каталонски печат?

Ретко кој му дава шанси на Баерн Минхен по убедливиот пораз од Барселона во првиот меч, но Пеп Гвардиола уште не се откажал. Барса нема примено гол на последните 8 натпревари, а Баерн даде 13 на двете последни средби од ЛШ во Минхен.

БАЕРН МИНХЕН - БАРСЕЛОНА 20:45

- Германскиот претставник е во мала криза откако загуби три натпревари по ред (во ЛШ, во домашниот Куп и првенство).
 
- И во реваншот, Баерн Минхен ќе игра без Арјен Робен, Франк Рибери, Давид Алаба и Себастијан Роде.
 
- Каталонците се на пат да го обезбедат осмото европско финале во Лигата на шампионите во нивната клупска историја.
 
- Петкратниот европски првак Баерн Минхен ќе се обиде да направи подвиг и да заигра во 11-то финале во историјата.
 
- Во Лигата на шампионите, Баерн Минхен сезонава има 100% учинок дома. Последните два дуели ги решија со гол разлика 13-1. Против Шахтјор Доњецк во осмина-финалето славеа 7-0, а против Порто во четврт-финалето победија 6-1.
 
- На домашен терен против шпански тимови, Баварците имаат 15 победи, 5 нерешени и 2 порази. Лани загубија од Реал во Минхен (0-4) и тоа беше прв пораз од шпански тим после 13 години. Во 2002. година Депортиво Ла Коруња беше подобра од Баерн во Минхен.
 
- Под водство на Луис Енрике, Барса има 85,7% успешност или 48 победи, 3 нерешени и 5 порази со +135 голови позитива вкупно во сите натпреварувања.
 
- Барса не загубила натпревар во сите натпреварувања од февруари годинава и примија само еден гол на последните 8 средби.

Можни состави:
Баерн Минхен - Ноер, Рафиња, Бенатија, Боатенг, Бернат, Чаби Алонсо, Милер, Лам, Тијаго Алкантара, Геце, Левандовски.
Повредени: Бадштубер, Алаба, Робен, Рибери, Роде.
 
Барселона - Марк-Андре Тер Штеген, Дани Алвеш, Џерар Пике, Хавиер Маскерано, Жорди Алба, Иван Ракитиќ, Сержио Бускетц, Андрес Иниеста, Нејмар, Суарез. Меси.