Offside

Роден е на 2-ри декември 2009-та година. Павел Полех на својот трет настап за Спартак Москва го постигна својот прв гол и стана најмлад стрелец во историјата на рускиот гигант. Со само 16 години, девет месеци и пет дена Полех постигна погодок во Купот на Русија против Оренбург.

Коментатор на БиБиСи работниот ден го завршил како судија

26 годишниот Мет Месиано го оставил коментаторското столче за да спаси меч во Англија.

Руни тргнува по пехарот што му фали

Во кабинетот на капитенот на Манчестер Јунајтед има многу трофеи, медали и пехари освоени во клупскиот фудбал. Сепак еден фали, а Руни вели дека најмногу го посакува токму тој. Прва пречка му е Арсенал вечерва на Олд Трафорд.

Играње криенка со судијата

Стратегот Тука Ферети е хит во Мексико кој откако доби црвен картон му се криеше на судијата зад седиштето, но не успеа и на камерите, за да го догледа мечот на неговиот тим Тигрес кој загуби со 2:1 од Универзидад.

Кандидат за наградата Пушкаш?

Во компилацијата со најефективни голови од викендов, фали мајсторијата на Алан Гатагов кој во шеснаесетник реагираше поатрактивно од Ибра. Се работи за руски фудбалер кој ги носел дресовите на Динамо и Локомотив Москва, а сега настапува во Казахстан.

Да се запознаеме со фудбалот во Ирска

Капитен е Роби Кин, најмногу настапи (138) има Роби Кин, најдобар стрелец (65) е Роби Кин. Селекцијата им ја водеше Џовани Трапатони, а во 1999 година Ставревски на Градски им даде гол со глава за 1:1 и им го расипа пласманот за ЕП 2000. Ова е тоа што го знаеме и се однесува на нивната селекција.

Падот на Реаловата тројка низ бројки

Реал Мадрид испушти 11 бодови во 2015-та, за што најголема одговорност носи триото фудбалери кои блескаа до католичкиот Божиќ. Од тогаш наваму, не играат во препознатлива форма и веќе и го препуштија приматот на Барселона.

Викенд ревија на евроголови

Изминативе два дена беа толку богати со фудбал, што не стигнавме да ги видиме сите убави голови. Понеделнички, на раат може да уживаме во најубавите.

Левски – МЗТ Скопје во 18:00 и Манчестер Ј. – Арсенал во 20:45

Понеделничката спортска понуда е богата со настани, а во нема имаш по четири кошаркарски натпревари, три фудбалски, како и спортски прегледи.

Историски битки меѓу Јунајтед и Арсенал во ФА купот

Во четврт-финалето од најстарото клупско натпреварување на светот, вечерва од 20:45 ќе играат Манчестер Јунајтед и Арсенал. Сите средби меѓу нив во ФА купот беа вистинска војна, без разлика каде се играа. Рој Кин и Патрик Виера беа команданти на војските.

За гол не мора секогаш да постои шанса

Рожерио Сени како голман може да се пофали со над 100 голови во кариерата, но му фали еден ваков лудачки кој беше решавачки на бразилскиот нисколигашки меч Операрио - Национал 2:1.

Кака ги исплаќа парите од првото коло

Бразилецот уште на старт почна да ја оправдува довербата на Орландо. На дуелот против Њујорк, неговиот тим губеше 0-1 до 91' минута, кога Кака од слободен удар им донесе вреден бод на домашните.

Расел Вестбрук е дефиниција за трипл-дабл учинок

Кошаркарот кој ја освои МВП наградата за најдобар играч на неодамнешниот Ол-Стар, по петти пат на последните шест натпревари стигна до трипл-дабл учинок. Неговите Оклахома Сити Тандер синоќа славеа против Торонто 108:104.

Стравот на Бејл, тајната на Берлускони и внимателниот Кордоба

Газета дело Спорт повторно направи компилација на највпечатливи изјави од светот на фудбалот дадени изминатата недела. Меѓу нив ретко се случува да ги нема Мурињо и Берлускони кој ги држи во неизвесност навивачите на Милан.

Киево - Рома од 15:00 и А. Мадрид - Валенсија од 21:00

Спортскиот викенд се затвора со натпревари од ТОП5 фудбалските лиги, кошарка АБА и НБА лига, како и тениски дуели од Дејвис Купот.

Вечер на Двејн Вејд и Џејмс Харден, пораз за Атланта

Во ноќта меѓу сабота и недела во НБА се одиграа осум натпревари, а вечерта ја одбележа поразот на Атланта од Филаделфија. Вејд го носеше Мајами до победа над Сакраменто после продолженија.

А. Билбао - Реал Мадрид од 19:00 и Вардар - Веспрем од 20:15

Од спортските настани денес на програмата е ракометниот дуел од СЕХА лигата на Вардар со Веспрем, фудбал од најдобрите европски лиги, кошарка и тенис Дејвис куп натпревари.

Осврт на дванаесеттото коло на Бизнис Лигата

Во 12-то коло во Бизнис Лигата на Македонија се играше доста атрактивен фудбал на неколку натпревари кои го оправдаа епитетот „дерби“.

Статуа и 3Д анимација за Доминик Вилкинс

Легендата на Атланта Хокс и најдобриот стрелец во историјата на клубот на кој му беше верен од 1982 до 1994 година беше посебно испочитуван од страна на Хокси. Пред мечот со Кливленд беше направена 3Д анимација во негова чест, а до арената „Филипс“ е поставена негова статуа.

Атланта подобра од Кливленд, трипл-дабл на Харден

Синоќа во НБА се одиграа 12 натпревари, а вечерта ја одбележа триумфот на Атланта над Кливленд, славјето на Голден Стејт и неверојатниот Џејмс Харден. Победничката серија ја продолжи и Сан Антонио, кој го имаше расположениот Кавај Ленард во своите редови.

Вардар го истури бесот на Крим

По серијата слаби резултати, ракометарките на Вардар конечно го покажаа својот квалитет, овој пат против Крим на гостински терен 29-47. Покрај освоените бодови, Вардарки го срушија и рекордот на постигнати голови на еден европски натпревар во својата клупска историја.

Тренирање пенали со зашеметен ум

Да, баш така треба да звучи описот за видеото на кое младинци од трета австриска лига вежбаат пенали. 

Премиер лигата игра казачок

Со 14 освоени трофеи за 11 години, во Англија никој не работи подобро од магнатот кој во Лондон не донесе само пари. По една деценија со малку интервјуа и срамежливи појавувања во јавноста, Русинот во целост го смени англискиот фудбал.