Првиот натпревар од баражот меѓу Хамбург и Карлсруе заврши 1-1, по што најстариот тим во германскиот фудбал имаше тешка задача во реваншот да избори поволен резултат. Уште потешко по „Диносаурусите“ беше кога на 12 минути пред крајот од реваншот, Јабо им даде гол а домашните веќе размислуваа како стојат во редици за сезонски карти за следната сезона во Бундес.
Сепак, подвигот на Хамбург почна во 91' минута кога најпрвин Марсело Дијаз постигна ефектен гол за израмнување, по што следуваа продолженија. Во второто продолжение стигна и моментот на одлука, кога Николај Милер го даде вториот гол во сезоната за Хамбург и можеби најважниот во кариерата.
Драмата продолжи откако Адлер му одбрани пенал на Хенингс во самиот финиш и избраниците на Бруно Лабадија го сочуваа статусот на тим кој никогаш не испаднал од првата германска лига, основана во 1963. година.
Хамбург две години по ред идентично се спасува од испаѓање, со гол во финишот на гостински терен. Од друга страна, Карлсруе доживеа големо разочарување што по срамното испаѓање во третата лига, конечно стигна до шанса да се бори за Бундеслигата. И не ја искористи.
Само фудбалот може да приреди ваква драма: