Како Кајманските Острови станаа моќен член на ФИФА

Од 2002. година до денес, светската фудбалска влада потрошила 2,2 милиони долари за изградба на нови фудбалски игралишта и два големи терени во земјата која има 58.000 жители. Гласот на Кајмански Острови вреди колку и гласот на фудбалските велесили.

Љубезноста на ФИФА изгледа уште поневеројатна, особено ако се знае дека Кајманските Острови, карибски рај за туристите, се наоѓа на 191. место на ранг листата на Светската фудбалска федерација.

Репрезентацијата на овие острови никогаш не играла на еден Мундијал и никој од 58.000 жители не бил близу до некој од најголемите светски стадиони. Теренот кој е во изградба илустрира еден од патиштата по кои Сеп Блатер одеше за да го одржи 17-годишното владеење, кое се продолжи во петокот, но заврши доцна синоќа.

Фактот што во системот на ФИФА, дури и најмалата земја ги има истите права на глас како и најголемата, му помагаше на Сеп Блатер на изборите, дури и тогаш кога се соочи со најжестоките критики за корупција.

Џефри Веб и Сеп Блатер

Кајманските Острови станаа центарот на рекетот и митото на ФИФА. Џефри Веб, долгогодишниот претседател на Кајманската фудбалска федерација и прв човек на КОНКАКАФ (Северна и Централна Америка и Карибите), беше еден од 14-те уапсени од властите на САД во Цирих минатата недела. Шефот на неговото аташе, Костас Такас исто така беше уапсен.

Џефри Веб (50) треба да биде екстрадиран од Цирих во САД, каде би требало да одговара на обвиненијата за корупција. Веб се сомничи за примање мито и корупција во вредност од над 100 милиони долари. Истрагата довела и до шемата која што Веб и неговите соработници ја разработиле, а која подразбира Копа Америка (првенството на Јужна Америка) да се одигра во САД следната година. За возврат, Џефри Веб и неговата дружина би добиле 110 милиони долари.

Од 2008. година, ФИФА прати грант од 2,2 милиони долари на Кајманските Острови за изградба на два фудбалски терени. Седум години подоцна, едниот терен уште е неизграден. Планот за изградба на сала и спална соба уште не е довршен, објави ФИФА на својот сајт, поради како наведоа „неможноста тревата да преживее во близина на ниско морско ниво“.

Меѓу уапсените лица е и Џек Ворнер, поранешниот претседател на Конкакаф од Тринидад и Тобаго, кој беше обвинет дека примил 10 милиони долари за да влијае на гласањето Јужна Африка да го добие Мундијалот во 2010. година.

Виа: Вашингтон Пост

3 јуни 2015 - 12:53