Оценка и коментар за прволасираните 10 екипи во Серија А.
Јувентус 10. Перфектна сезона, состав кој е вистински одраз на модерен и организиран клуб. Скудето, Куп на Италија и финале во Лига на шампиони. Алегри се исчаки високо и покажа дека Конте не беше толку незаменлив.
Рома 7. Имаа карактер и игра се до паузата за Божиќ, а потоа паднаа во формата и загубија чекор во борбата за титулата. Покажаа слабости во играта од одбраната и заостанаа во однос на минатата сезона кога се бореја со Јуве за титулата. Грешките во јануарскиот преоден рок му попречија на Гарсија во работата кој на крајот се избори за ЛШ.
Лацио 8,5. Брилијантна и модерна игра. Некои натпревари на Лацио може да претставуваат идеална реклама за тоа каква е Серија А. Освојувањето на третото место освоено на гости против Наполи е подарок за Пиоли. Тоа е тим полн со таленти кој може да ја продолжи фазата на растење. Обврската на Лотито? Да ги задржи најважните играчи, од Де Вриј до Андерсон.
Фиорентина 7. Монтела знаеше како да го усоврши потенцијалот на тимот, кој одигра без напаѓач поради повредениот Роси и разочарувачкиот настап на Гомез.
Наполи 5. Ги разочараа навивачите и завршија на 5. место со многу свирежи. Бенитез не знаеше да влијае во клучните моменти, но тој е единствениот победник бидејќи доби понуда да го замени Анчелоти во Реал Мадрид. Неговиот молк за иднината ја загади сезоната на Наполи чија единствена светла точка е освојувањето на Супер купот против Јувентус на пенали.
Џенова 7. Јаго Фалке постигна 13 голови и е откритие на сезоната. Гасперини се докажа како голема сигурност. Му даде идентитет на тимот и создаде основа за други добивки. Првото богатство е Бертолачи, кој е еден од најкомплетните играчи од среден ред во Италија.
Сампдорија 7. Созревањето на Михајловиќ си го направи своето, но продажбата на Габијадини во јануари влијаеше во работата на српскиот тренер. Ето се мачеше и постигна само два гола на 18 меча. Михајловиќ остави неколку капиталци од Соријано до Едер.
Интер 5. Мацари и Манчини го платија цехот на еден клуб кој допрва треба да даде логика и суштина на амбициите. Првите одговори за иднината на Интер треба да бидат јасни и да ги каже Тохир. Потребни се огромни инвестиции и потврда за останувањето на Икарди кој е најдобар стрелец сезонава во Серија А со 22 голови заедно со Тони. Импровизацијата не смее да стане правило.
Торино 7. Без разлика на продажбата на Имобиле и Черчи, Вентура успеа да направи одлична сезона. Тимот има добра тактика и компактност. Пољакот Камил Глик има талент за подобрување, а Макси Лопез се препороди и даде 8 голови.
Милан 5. Разликата во однос на минатото, доаѓа од еден клуб кој престана да инвестира и секој пат одговорните да ги бара кај тренерите за да ги маскира своите слабости. Од Алегри до Сидорф, па сега на ред е Инѕаги . За обнова на Милан има само едно чаре, а тоа се парите кои треба да ги инвестира во голема количина.