Offside

Клубот Дарул Такзим, клуб воден од принцот-наследник на Малезија поставил нов светски рекорд. Овој клуб уште на 21-ви август го надминал рекордот на АСЕК Мимозас од Брег на Слонова Коска кој во своето домашно првенство немал пораз 108 натпревари по ред од 1989-та до 1994-та.

Атина Бојаџи во Ла Манш се соочила со јато медузи

Тв прилогот е од 2008-ма, една година пред Томи Стефановски да го преплива Ла Манш и 39 години откако Бојаџи го оствари големиот подвиг, за кој вели дека и било малку страв. И репортерот е во пливачки елемент.

Алкараз „само малку да ја скратам“

22-годишниот шпански тенисер Карлос Алкараз се пласираше во следното коло на Отвореното првенство на САД ама и ја шокираше публиката во Њујорк кога излезе шишан лустер до глава.

16 годишно дете го реши спектаклот Њукасл - Ливерпул

Сезоната во Премиер лига штотуку започна, а веќе во 2. коло се одигра луд натпревар меѓу Њукасл и Ливерпул. Овие два клуба речиси цело лето си праќаат остри пораки околу трансферот на најдобриот фудбалер од лани на Њукасл, Александер Исак. Сега едно младо дете го засени цел тој трансфер.

Супер ви е корнеров дечки, ама ај повторете го да ве видам

Ле Хавр против Ленс, француска прва лига. Абе нешто невидено до сега. Како им успеа?

Бразилско уништување ала Роналдињо

Фламенго ја потопи Виторија со 8:0. Хет-трик на 28 годишниот Бразилец Педро кој постигна гол со кој слободно може да се фали по другари и да си го пушта по неколку пати пред спиење. Јак финиш мајсторе.

Евгениј Поп Ацев го преплива Ла Манш

Македонскиот маратонец, Евгениј Поп Ацев, испиша уште една убава страница во историјата на македонскиот спорт и направи голем подвиг во незгодниот канал помеѓу Франција и Велика Британија.

Асистенцијата број 1 во НБА за сезоната 2024/2025 е дело на Јокиќ

Фановите на НБА секоја година гласаат во изборот за најдобра асистенција на сезоната и кој знае колку им е тешко, бидејќи човек само од оние на Јокиќ не може да избере. Најмногу гласови доби Србинот за пасот до Арон Гордон на средбата против Милвоки Бакс. „No-look“ е она што најмногу пали во Америка.

Дали е ова волејот на кариерата на Медведев?

Данил Медведев направи триста глупости и се соочи со елиминација на УС опен уште во прво коло. Загуби од Французинот Бенажмин Бонзи со 3-2. Но и покрај сè што се случи на мечот, не смее да се прерипа овој негов поен. Маестрално одиграно.

14 години од лацијалската еуфорија на Градски

Во Скопје имаат гостувано многу големи екипи, како Реал Мадрид од Шпанија, Ливерпул и Манчестер Јунајтед од Англија, Рома и Милан од Италија. Еднаш беше и Лацио, а домаќин му беше Работнички.

Замисли да му стоиш на жив ѕид на Карлос на слободен од 8 метри

Да, растојанието е 8 метри, а брзината на ударот е 144 километри на час. Клипот е од дрим тимот на Реал. Јадните на жив ѕид подобро да се тргнеа и тоа со се голман.

На српските кошаркари им истурија вода пред патот

Српските кошаркари утрово полетале за Рига, во Летонија каде ќе ја играат групната фаза од Европското првенство 2025. Турнирот ќе се игра во 4 земји: Летонија, Кипар, Финска и Полска. Ќе настапат 24 најдобри селекции од Европа.

Во МЛС растура Меси, ама растура и Илоски

Летово пишувавме дека во САД игра Американец со македонско потекло, кој стана 20-ти играч во МЛС кој постигнал најмалку 4 гола на еден меч. Дресот на Сан Диего пред 20 дена го замени со оној на Филаделфија. Статистиката во американскиот фудбал му е 10 гола и 4 асистенции на 17 настапи. Мечот против Чикаго го заврши со гол и асистенција, како и награда „Man of the match“ со оценка 9.2.

Нејасна порака од Стефан Ристовски за Тито и судењето

Во дербито на колото во Премиер лига на БиХ, Борац Бањалука со 5-1 го торпедирал Сараево, клуб за кој игра поранешниот капитен на македонската репрезентација Стефан Ристовски. Резигниран од поразот и незадоволен од судењето, Риле после мечот на својот Инстаграм профил објавил фотографија со натпис: „Добродојдовте во аматерската Премиер лига. (Да живее Тито)“. Набрзо го избришал објавеното ама сигурно нема да избегне казна од фудбалскиот сојуз на БиХ. 

Лекувајте го, нека батали тенис

Данил Медведев, некогаш најголема надеж на светскиот тенис, играч кој им пружаше најголем отпор на Надал и на Новак Ѓоковиќ и освои еден Грен слем, во последно време е тотално непресметлив. Со хистерични испади и диви инциденти на теренот покажува дека не му е веќе до тенис. На последните три Грен слема испаѓа во 1. коло од анонимни тенисери а фрустрацијата му е сè поголема.

Крвав судир на навивачи на Динамо Загреб и Широки Бријег

Во саботата вечер се судриле хулигани од групите „Бед Блу Бојс“ кои го поддржуваат Динамо Загреб и „Шкрипари“, навивачи на Широки Бријег, про-хрватски клуб од Босна и Херцеговина. Навивачката пресметка не е поврзана со фудбалски натпревар со оглед на тоа што клубовите на овие навивачи доаѓаат од соседни земји.

Ѓоковиќ победи двојно помлад ривал и 19-ти пат влезе во 3. коло на УС Опен

Облечен комплетно во црна опрема како некогаш во кариерата, Новак Ѓоковиќ (38) го победи 19-годишниот тенисер од САД Лирнер Тиен со 3-0 по сетови 6:1, 7:6, 6:2 и оди во 3. коло на Отвореното првенство на САД. Ноле игра во добра форма а следен ривал му е 22-годишниот малку познат тенисер од САД, Захари Свајда.

Нов циркус на Медо, кршеше рекет па бранеше фотограф

Дваесет и девет годишниот руски тенисер бележи пораз за пораз во последно време. На трет Грен слем по ред е исфрлен уште во 1. коло и тоа го фрустрира до таа мера што крши рекети и дивее ширум терените. Сега изгуби добиен меч на Отвореното првенство на САД и тоа од малку познатиот Французин Бонзи во 5 сета. Правеше хаос.

Кечер мајтапеше цела сала во Њукасл

Познат британски кечер, Џеј Ди МекДонах бил на едно кечерско/боречко шоу во Њукасл. Реши да се позафркава со цела сала, очигледно навивачи на истоимениот тим од градот. Со оглед на тоа што Ливерпул сака да го доведе главниот играч на Њукасл, Александер Исак кој веќе неколку недели лут не тренира со екипата и е отстранет од тимот, ова им дојде ко сол на рана.

Аргентинска мајсторија во Комо на младиот Нико Паз

Внимавајте сезонава на Комо, предводен од Сеск Фабрегас и индиските милијардери кои летово го купија Алваро Мората. И лани беа незгодни и завршија 10-ти, а после изданието против Лацио во прво коло, најавуваат дека ќе бидат уште поопасни. Славеа 2:0, а вториот гол го постигна 20 годишниот Нико Паз, кој ја игра втората сезона откако го донесоа од Реал.

Делириум во Лил, Жиру го реши Монако во 91-ва

Само што стана најстар стрелец во историјата на клубот со 38 години, 10 месеци и 18 дена и тоа на дебито во прво коло, Оливие Жиру пак даде гол и покажа колку напаѓачите можат да бидат долготрајни. Искусниот француски напаѓач му донесе 3 бода на својот тим во судиско, а потоа можеше да ја затвори со 2:0, ама утна пенал.

Џокерот на Тудор се вика Влаховиќ

Душан Влаховиќ цело лето е тема на муабет дека ќе биде продаден, а тој не сака да си оди поради високата плата. Но, Игор Тудор синоќа го внесе во игра во 80-та минута, а тој блесна по само 4 минути на терен, за Јувентус - Парма, конечни 2:0. Многу паметно одиграно.

Романски начин на влечење ждрепка

Само Романците се поголеми Балканци од нас или уште поточно, ова го нема ни во Африка. Што не проба со топли и ладни киндер јајца ако не? Ќе има и зум во садот, па ќе сфатите колку е запнат да биде тоа топче.

Срамни сцени во младинскиот фудбал, родители нападнале деца

Мизерија од вест ни доаѓа од Штип од мечот меѓу Брегалница и Шкупи во младинските категории на генерациите 2009/10. Има повредени и еден уапсен.

Ѓоковиќ: Моравме да го сториме тоа, Србија е на раб на граѓанска војна!

Најдобриот светски тенисер на сите времиња според многумина, на прес-конференција на УС Опен изјави дека му е жал што АТП турнирот од Белград се сели во Атина, но наведува дека одлуката не била нивна желба, туку нужност поради околностите во кои се нашол неговиот брат Ѓорѓе, организаторот на овој познат тениски турнир.