Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Путин одржа тренинг со руските џудисти

Претседателот на руската федерација се занимава со оваа боречка вештина од детството, а тренира џудо и натаму и покрај презафатениот распоред. Партнер денес му бил селекторот на руската џудо репрезентација, Ецио Гамба.

Како од фудбалери да направиш мајмуни?

На 4. април 2009 година, Волфсбург со 5-1 го згроми Баерн Минхен, а напаѓачот од Бразил Графите си поигра со гостите пред да го постигне петтиот гол.

Бундеслигата го има наследникот на Ноер

Со вакви паради и рефлекси, детево не е чудо што на едно видео има скоро 5 милиони прегледи, туку чудо е што знае до волку добро да брани на 7 години.

Ибра сам решава на кој дава автограм

Како што обично бидува со Златан, во зависност од неговото расположение и добра волја може или пријатно или непријатно да ве изненади. Затоа што е природен во секоја прилика.

Култот на личноста на Зидан и полувистините за него

Во јули пред 10 години Зидан ја заврши кариерата. За ова време се зголемија генерациите навивачи кои не го виделе Французинот во некое друго светло. За него важи дека е совршен играч, но ретко кој го познава како неверојатно груб човек.

Со што се пофали Реал Мадрид за новиот тренер

Флорентино Перез за тренерската смена се реши за вкусот на навивачите, а промоцијата на Зинедин Зидан ја продолжија со видео на јутјуб кое нема врска со неговиот тренерски капацитет. Инаку не викаме дека е лошо видеово.

Интернетот избрза со галењето на девојчето

Легендите на Ливерпул и на репрезентацијата на Австралија одиграа пријателски меч во Сиднеј, а на социјалните мрежи се фатија за еден навидум контроверзен момент кој нема врска со тоа што го помислиле.

Како летаа Петер Превц и колегите

Турнеата Четири скокалници е симбол и сопатник на новогодишните празници. Како што е Супер Боул во САД или Тур Де Франс во велосипедизмот, така е турнејата Четири скокалници за зимските спортови. За некого изгледа шармантно, а за некого опасно и ризично.

Што значи кога девојка сака фудбал и убаво црта

Руската блогерка Дарја Исаева по сопствено признание во новата година влегла со желба да наслика уште многу портрети на познатите светски фудбалери кои ги црта како ретко кој друг.

Лидери по гледаност во Европа сезонава

Дортмунд и натаму е неприкосновен лидер во просечната стадионска посета сезонава. На листата најгледани тимови доминираат германските и англиските екипи со по некои Французи.

Како изгледа безвременската Аргентина

Фудбалскиот сојуз на Аргентина пред Новата година ја состави најдобрата селекција на сите времиња. За разлика од другите такви тимови, се чини дека овој навистина е најдобриот и не е составен од оние кои цел свет ги знае. Во Аргентина ги знаат.

Да му дадеме македонски пасош на Бразилецов

Кога веќе возот тргна надолу годинава, а претходно имавме срамна 2015-та во која ги одигравме најслабите квалификации и го достигнавме најлошото 139-то место на ранг листата на ФИФА, да почнеме да увезуваме странци.

Нов фудбалски пад за Македонија во 2016-та

Македонската фудбалска репрезентација новата година ја почнува како 138-та фудбалска земја во светот. Подобри од нас на ранг листата се Хонг Конг, Куба, Филипини, Намибија, Свазиленд...

Најпознатите тениски академии во светот

Голем дел од ѕвездите на белиот спорт своите први асови, бекхенди, форхенди и дроп-удари ги учеле на некои од најпознатите тениски академии, основани претежно од поранешни играчи.

Трејлер за филмот за Златан

Раскажува за првите фудбалски чекори во Малме, за детството во снежната Шведска, за развојот на кариерата во Ајакс каде пред 55.000 луѓе морал да докажува зошто е платен толку милиони.

Падот на Северин Фројнд снимен од гледалиштето

Северин Фројнд, победникот на првото годинешно издание Четири скокалници во Оберстдорф доживеа незгоден пад во Инзбрук но имаше голема среќа.

Кариерата на Зидан преку цртеж

Од првите допири со топкта, па се до инцидентот со Матераци по кој ќе го паметиме неговиот последниот меч во кариерата. Кариерата на Зидан преку забрзан уметнички приказ.

Зошто Мајкл оди на фудбал во костим за капење?

Англичанецот кој стана познат ширум фудбалскиот свет по своето ексцентрично облекување, има голема причина зошто го прави тоа.

Детето кое му пиша на Фергусон, му пиша и на Ван Гал

Пол Ебуе на 11 години имаше неколку логични забележи околу тактиката и потезите на Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед во сезоната 2004/2005 и реши да му ги каже по што доби и одговор. Сега чекаме одговор и од Ван Гал.

Само ова да не го прави во Бангкок

Марио Ѓуровски беше вистински шоумен со начинот на кои ги прославуваше головите во Муангтонг Јунајтед, а за време на четиригодишниот престој остави извонреден белег од 72 гола и 50 асистенции на 150 мечеви. Бангкок јунајтед денеска го претстави како ново засилување и сигурно најмалку очекува вакви асистенции.

Голот кој (не) требаше да биде поништен

Во време кога критериумите за досудување прекршок беа други, Манчестер Јунајтед прими гол кој се смета за еден од најконтроверзните постигнати во финале.