Offside

Во дербито на 10. коло од Серија А, фудбалерите на Милан убедливо со 3:1 го совладаа градскиот ривал Интер со сјајна партија на младиот Диего Мореира кој имаше две асистенции и прекрасно ремек-дело од слободен удар. 207. лигашко дерби ќе се памети по тоа што дури четири гола паднаа во прв дел.

Нека се вика Ланесра, поради Арсенал

Во Австралија, еден загрижен навивач на Топџиите ја крстил ќерка му по името на славниот клуб но прочитано од спротивна страна. Сопругата дознала дури после две години од каде дошла идејата.

Казната заврши, Барселона се наполни со играчи

По пауза од два преодни рокови, Каталонците го надополнија тоа што го пропуштија и регистрираа 77 нови играчи во сите категории.

Кој тренер потрошил најмногу во последните 10 години?

Водечки тренери во моментов во Европа се Мурињо, Пелегрини, Анчелоти, Манчини, Гвардиола, Бенитез, Ван Гал, Венгер, Роџерс, Алегри, Блан, Биљаш-Боаш и Луис Енрике. Еве кој од нив колку потрошил во последната деценија како тренер на големите европски клубови.

Како денес изгледа Торе-Андре Фло

Џокерот на Челси од крајот на минатиот век често е синоним на клубот пред ерата на Роман Абрамович.

Лионел Меси, најдетално

За фудбалер кој до 28-та година од животот одиграл 606 официјални натпревари од кои загубил само 76, а дал 474 голови, кој знае што ќе се пишува кога ќе има 35-36. Во оваа детална анализа на број на настапи/голови/асистенции, баравме каде е најслаб. Тоа е бројот на голови на Мундијалите каде има само пет, а инаку загубил само два пати на 15 меча.

Што ќе донесе Зинедин Зидан во Реал?

Тренерската смена во Реал Мадрид го врати расположението во соблекувалната, откако малку играчи беа фасцинирани од методите на Рафа Бенитез и едвај чекаат да почнат со Зинедин Зидан, пишува Марка.

Самбата на Сан Сиро пред 10 години

По пауза од 14 години Барселона во сезоната 2005/2006 ја освои Лигата на шампионите. Меси беше уште млад, а Роналдињо во врвна форма. Во полуфинале го елиминираа Милан, а од дуелите на Гатузо и Пирло со Бразилецот остана посебно видео.

12 месеци, 12 фудбалски настани

Втор отказ за Мурињо во Челси, крај на фудбалската ера за Блатер и Платини, збогум за капитенот на Ливерпул, четврто Скудето на Јувентус по ред. Ова се 12-те настани кои ја одбележаа минатата сезона според Газета дело Спорт.

Топ 10 автоголови

Петтиот е најатрактивен, првиот најсмешен, во вториот сите се криви, а десеттиот и четвртиот се за подетално испитување.

Уште една епизода на Фергусон со копачки

Првата е со Бекам на кој му ја удри во глава во соблекувална, а потоа фудбалската икона си замина, а втората се однесува на Диего Форлан кој не сакал да ги облече тие што биле по мерка на шкотскиот стратег.

Hawkeye - какви биле тенисер(к)ите како мали

Некои ќе ги препознаете од прва, а за некои тенисери и тенисерки кои редовно ги гледаме на телевизија, нема да ви биде верно дека толку се измениле со текот на времето.

Србија остана без Душко Кораќ

Легендарниот српски коментатор од кој не се пропуштаа преносите во атлетика, почина на 61 годишна возраст.

Марио Балотели во едно видео

Не тренира, не дава голови, не му се игра, мрзелив е, му се излегува, му се пушат цигари, му се пие алкохол. Карактерот на Балотели во кратко видео.

Слободен удар со три живи ѕида

Фудбалерите на Брентфорд на мечот против Бирмингем мислеа да ја сокријат траекторијата на топката со тоа што седум души ќе се наредат во два живи ѕида пред противничкиот гол.

Решавачкиот скок на колото во Премиер лига

Ватфорд беше многу блиску од изненадување во првото коло од 2016-та, но тоа го спречија Јаја Туре и Серхио Агуеро кои направија пресврт за 3 минути за конечни 1:2. Во фокусот на вниманието е скокот на најнискиот играч на средбата.

Офсајд лик: Ласина Траоре

Се работи за еден од највисоките фудбалери на денешницата со 203 см, на кој му требаше само едно полувреме да влезе во нашата омилена рубрика.

Во Ѓорче не ме сакаше тренерот, а сега играм во Русија

Минатата сезона се пресели во Русија, каде стана еден од подобрите стрелци во втората лига и најзаслужен за пласманот на Крилја Советов во руската Премиер лига. За неделникот Футбол зборуваше за војната во Македонија и скандалите со судиите.

Најубави кореографии за 2015-та

Најголемата навивачка заедница Ултрас Тифо и годинава организира избор за најдобра кореографија ширум трибините по светот.

Таблетот оди кај Христијан

Декемвриската битка за првото место беше неизвесна, а најблиску до тронот беа четворица Типстери кои завршија со профит од над 200 кредити.

Кога мора да играш фудбал на 1-ви јануари

Во Англија им се падна на четири второлигашки екипи да имаат коло за играње ден после новогодишната прослава. Најтешко на душата му беше на Џејмс Вилсон од Брајтон.

2015-та е за навивачите

Оваа година отворивме нова рубрика и ја крстивме „навивачи“ без кои нема фудбал. Страста, емоциите, патувањата, победите, поразите и зошто им даваат поддршка ни раскажаа девет македонски фан клубови.

Махери со 66.000 и малери со 133.000 евра

Од сите тикети кои ни ги пративте годинава ги извадивме најголемите 5 махери и најголемите 5 малери.

Тенисот во 2015-та

Годината што изминува белиот спорт ќе ја памети по доминацијата на Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс, рутината на ветеранот Федерер, шарлатанското однесување на Ник Кирјос, како и по контраверзните изјави на некои тенисери дека меѓу тенисерките имало многу лезбијки.