Offside

На 30 октомври 2025-та, тренерот од Тоскана седна на клупата на бјанконерите, желен за одмазда по неуспехот со националниот тим. По колапсите против Лацио и Џенова, неговата иднина сега е неизвесна.

Севиља го доби шпанското дерби, во Дортмунд немаше победник

Сите осум екипи успеаа да постигнат гол што е доказ за големата неизвесност по првите четвртфинални битки од Лигата на Европа. Шахтјор и бранителот на титулата со полн плен од гостувањата, победа за Виљарел пред своја публика.

Како You'll never walk alone стигна до трибините?

Легендарната песна на која црвени шалови се креваат на Енфилд, па потоа жолти на Вестфален во Дортмунд и зелени на Хемпден Парк датира од 1945. година и е компнирана за мјузиклот Карусел.

Автогол со додавање

За ваков автогол треба да најдеш двајца генијалци и ништо повеќе. Еве ги.

Рулетот на Адмирал застана на страната на МЕПСО

Во вториот ден од 17. коло во Бизнис лигата до победи стигнаа екипите на ЈСП, МЕПСО и ЕЛЕМ.

Хуманоста на Велешанецот кој играше во Легија и мизеријата во мак фудбалот

Во ниту една нормална држава не се случува фудбалери да бидат избркани од стан, да немаат пари за кирија и за леб и згора на се да не можат 10 месеци да играат, вели претседателот на синдикатот на фудбалери кој се бори со вакви појави во нашиот фудбал.

Тајната на слободните на Дмитри Паје

Ѕвездата на Вест Хем Јунајтед и Франција, Дмитри Паје игра чудесна сезона во која нема да чуди ако неговиот тим обезбеди настап во Лигата на шампионите следната 2016/2017.

Тепачката меѓу Шверцери и Балисти во Чаир

Поради реновирање на стадионот во Тетово, Шкендија своите домашни натпревари ги игра во скопската населба Чаир, домот на прволигашот Шкупи. Навивачите на овие два клуба неколку години имаа пријателски односи, но вчера на мечот Шкендија - Силекс дошло до тепачка меѓу Балистите и Шверцерите.

Ова нема крај, уште тонеме

Откако лани во октомври Македонија стигна до рекордната 139-та позиција на ранг листата на ФИФА, тоа да ти било најава дека можеме уште подоле.

Кога ти пеат за роденден

Редарот на теренот до трибините им заличил на популарниот пеач Ед Ширан, па неколку навивачи на рагби тимот Мунстер му го запеаа големиот хит Thinking out loud.

Клоп, ти одиш десно

Фудбалската судбина вечерва ќе го врати миленикот на навивачите и управата на Дортмунд меѓу своите. Јирген Клоп со Ливерпул гостува во Дортмунд, па со цел да не ја утне соблекувалната, домаќините во шега му оставиле табла. На прашањето дали ќе слави евентуален гол изјави: „Секако дека ќе славам. Сигурно нема да пијам апче против прослава на гол“.

Трифун Иванов, Де Хеа и други фудбалери како мали

Фудбалерите или нивните најблиски одвреме навреме знаат од семејните албуми да извадат некоја фотографија од детството на сега веќе големите ѕвезди. Во светло во кое не сме ги виделе речиси никогаш.

Кралевите капитулираа во Германија, нерешено во Париз

На Реал Мадрид му се отвори многу работа на реваншот во четвртфиналето од ЛШ откако беше шокиран на гостувањето против Волфсбург со 2:0. Повозбудливо беше на Паркот на Принцовите каде Ибра промаши пенал, а Фернандо потоа направи глупав потег и му подари гол.

Три сомнителни судиски одлуки во првите 45 минути

ПСЖ - Манчестер Сити 1:1 и Волфсбург - Реал Мадрид 2:0 по првиот дел од четвртфиналните дуели во ЛШ. И на двете средби пеналите беа сомнителни. Харт му ја одбрани на Ибрахимовиќ, а Рикардо Родригез погоди за германскиот состав. Роналдо постигна гол во 2 минута кој според судиите беше офсајд.

Зошто Харт би посакал Ибра да не игра вечер

Вечерашниот дуел меѓу ПСЖ и Манчестер Сити голманот на гостите сигурно го враќа на пријателскиот дуел меѓу Шведска и Англија 4:2 одигран во 2012-та. Зошто? Златан сам ја победи Англија која имаше водство 1:2, а на четвртиот гол Харт излезе од шеснаесетник и потоа беше само гледач на чудото кое го направи Ибра.

Дете од асфалтот - Блез Матуиди

Во новата реклама за Најк, претставен е патот до врвот на францускиот репрезентативец од ПСЖ Блез Матуиди. Автобуси, метроа, железнички, низ што сè не поминал за да стигне до ѕвездите.

21 разлика меѓу Шумуликоски и Меси

Величе vs величината на светскиот фудбал во неколку споредби во кои подобар е поранешниот македонски репрезентативец кој настапува за фудбалскиот клуб Словачко од Чешка.

Лестер, 1928-ма

Filbert Street е името на стариот стадион на Лестер кој го користеа од од 1891-ва до 2002 година, а оваа слика е стара 88 години и е направена во петтото коло од ФА купот против Тотенхем.

Тоскиќ: Раул е феномен, Вардар ќе стане Европски првак

Црвено - црниот дрес го облече во 2013-та и жали што годинава ќе мора да го соблече. Посакува тоа да се случи во Келн, можност која е свесен дека веројатно нема да му се повтори. Најголемото богаство според него во Вардар е Раул Гонзалес.

Голман ксметлија во Бразил

Колку чудна, толку и среќна парада на голманот Рафаел Робаљо за време на мечот меѓу Глорија и Интернационал во Гаучо првенството на Бразил.

Зошто Премиер лига се гуши во сопственото богатство?

Англиската Премиер лига е најдобра фудбалска лига на светот. Тоа го тврдат англиските навивачи, англиските новинари. Велат, на Островот се игра најдинамичниот и најдобриот фудбал.

Џалмиња - Човекот што можеше да стане крал

Совршениот дриблинг и фантастичната техника обично одат во комбинација со пргавиот темперамент, карактерна црта која што не му дозволи на еден од најдобрите бразилски техничари во ’90-те години да стане уште поуспешен фудбалер.

Маица за најдобриот Типстер во април

Новата месечна битка на Типстер е во тек, а подароци стандардно ќе има за првите тројца.

Навивачката која поседува годишна карта 82 години

За оваа бабичка пензионерски живот не значи дека треба само дома да дреме во фотеља, да гледа серии и да плете. Таа оди на стадион, го бодри Вест Хем, ама го бодри од 1934 година.