Рулетот на Адмирал застана на страната на МЕПСО

Во вториот ден од 17. коло во Бизнис лигата до победи стигнаа екипите на ЈСП, МЕПСО и ЕЛЕМ.

ЈСП со колективна игра до победа над ЕВН

ЈСП 6-5(5-3) ЕВН
ЈСП: Даниел Антовски 3’ 4’ 5’ Сабит Хусеини 8’ 36’ Марјан Србиновски 15’
ЕВН: Александар Димовски 9’ Петре Даиловски 13’ 20’ 25’ Дарко Цветковски 32’

На самиот старт екипата на ЕВН во дуелот со ЈСП остана со играч повеќе по некоректната голманска интервенција на ЈСП и кога сите очекувавме дека ЕВН ќе профитира од ова, ЈСП успеа со играч помалце преку Даниел Антовски да даде два гола и да стекне солидна предност. Во понатамошниот дел од полувремето ЈСП продолжи да игра во одличен ритам не давајќи му на ЕВН да фати резултатски приклучок па го доби полувремето со 5-3. Во второто полувреме екипата на ЕВН успеа да ги консолидира своите редови и да израмни на 5-5, но ЈСП беше присебен во финишот од натпреварот искористи грешка во одбраната на ЕВН и го доби овој натпревар со 6-5.

Рулетот на Адмирал застана на страната на МЕПСО

Адмирал 5-6(1-1) МЕПСО
Адмирал: Албрим Шаќири 3’ 29’ Александар Лазаревски 23’ Горан Грковиќ 25’ Глигор Билјарски 37’
МЕПСО: Диме Рошкоски 19’ 36’ Томислав Лазаров 28’ Кире Наумовски 29’ Борис Трајковски 35’ 40’

Натпреварот помеѓу Адмирал и МЕПСО го отвори Албрим Шакири преку слободен удар во третата минута. Екипата на МЕПСО во текот на целото прво полувреме се обидуваше да го израмни резултатот што не им одеше од рака се до последната минута кога преку Диме Рошковски успеа да го израмни резултатот. Мора да напоменеме дека во текот на целото прво полувреме се играше доста затворен фудбал. Во второто полувреме и двете екипи се отворија заиграа доста поофанзивно што може да се види и по бројот на голови. И двете екипи наизмеично се меуваа во водството но на крајот повеќе среќа имаше екипата на МЕПСО која го доби овој натпревар 5-6.

Задоцнет финиш на ХАЛКБАНК во дуелот со ЕЛЕМ

ХАЛКБАНК 4-7(0-6) ЕЛЕМ
ХАЛКБАНК: Ерсин Тахири 33’ Александар Никоски 38’ 39’ Мартин Дамески 40’
ЕЛЕМ: Антонио Ничевски 2’ 18’ Синиша Ковачевиќ 7’ 11’ 14’ 40’ Влатко Петровски 19’

ЕЛЕМ и ХАЛКБАНК натпреварот го започнаа со голман играч и на двете страни, уште во втората минута екипата на ЕЛЕМ го искористи тоа и играчот Антонио Ничевски кој ја чуваше мрежата на ЕЛЕМ успеа да му донесе водство од 0-1. Екипата на ХАЛКБАНК не можеше да најде против игра за првакот на табелата кој од минута во минута го зголемуваше водството кое на полувремето изнесуваше високи 0-6. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ играше рутинирано со што му дозволи на ХАЛКБАНК да постигне 4 гола но времето беше сојузник на ЕЛЕМ кој го доби овој натпревар со 4-7.

7 април 2016 - 16:17