Според најновото рангирање на ФИФА, Македонија падна три позиции и сега е 141-ва фудбалска земја во светот, што е апсолутен рекорд од осамостојувањето.
Со скок од четири места пред нас е Сент Лусија, остров на Атлантскиот океан со околу 180.000 жители кој сигурно појма немате каде е на карта.
Има уште фудбалски непознаници кои се пред нас на рангот како островот Мадакаскар, островот Аруба (100.000 жители), Намибија, Свазилент, Азербејџан, Гуана од Африка која скокна 23 позиции, Бахреин, Палестина, Танзанија, Судан, Туркменистан, Зимбабвме, Кувајт и ред други земји кои не знаеме и каква боја дресови носат.
Ова назадување се должи на последните два порази од Словенија и Бугарија на пријателските средби и сега македонската фудбалска репрезентација е подобра само од шест селекции од Европа: Луксембург (145), Молдавија (156), Малта (164), Лихтенштајн (173), Сан Марино (200) и Андора (202).
Од противниците со кои Македонија на есен ги почнува квалфикациите за СП Русија 2018, полош рејтинг има само Лихтенштајн (173). Шпанија е шеста, Италија 15-та, Албанија 45-та и Израел 76-ти.
На лидерската позиција сега е Аргентина, а Белгија е втора. Чиле се искачи на третата, Колумбија на четвртата позиција, а петти е актуелниот светски првак Германија.