Паје кој има 29 години, постигна 12 голови и има 10 асистенции во брилијантната прва сезона во источен Лондон. Неговите настапи ги одбележаа и совршените слободни удари од кои постигна неверојатни голови, последниот против Кристал Палас минатиот викенд.
Тоа беше четврти гол од слободен на Паје сезонава за Вест Хем. Претходно од слободен удар ги матираше голманите на Бурнемут, Блекбурн Роверс и Манчестер Јунајтед, како и еден гол за Франција против Русија.
„Вежбав многу напорно со изведувањето слободни на почетокот на сезоната, сè до голот против Бурнемут. Од тогаш ниту еднаш не сум вежбал слободни на тренинзите и среќен сум со начинот на којшто ја шутирам топката. Ја чувам техниката и ретко понекогаш шутирам на загревањата“, изјави Паје кој додаде дека не тренира слободни удари затоа што не би сакал да го смени начинот на кој ги изведува.
Минатото лето Французинот дојде во Вест Хем за 10,7 милиони фунти од Марсеј. Ја игра најдобрата сезона во кариерата и е на листата кандидати за најдобар фудбалер на сезоната во Премиер лигата.