Offside

Македонската ракометна репрезентација со очекуван пораз го започна Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Светскиот првак славешe во преполната сала „Јуске Банк Боксен“ во Хернинг со 36-24 (17-12). Црвено-жолтите имаа и добри моменти но немаа шанси со надмоќниот ривал.

Шок за Ливерпул во ФА Купот, испадна од последниот второлигаш

Лидерот во Премиер лига и една од најсилните екипи сезонава, Ливерпул, се посрамоти попладнево во англискиот ФА Куп. Изгубија на гостински терен од најслабиот, последно пласираниот тим во втората лига Чемпионшип, Плимут.

Какво голчиште падна во Турција

На дуелот Кашимпаша - Ризеспор кој домаќините го добиле 3:2 во турската Суперлига, 30-годишниот Кевин Родригез кој има 3 настапи за репрезентацијата на Португалија, постигна прекрасен еврогол кој уште долго ќе се врти.

Сомнителен пенал за Атлетико, Анчелоти и Реал бесни

После огромни притисоци од двете страни врз судиите, главниот арбитар на дербито Реал Мадрид - Атлетико Мадрид Сото Градо досуди мошне сомнителен пенал за гостите. Чуамени стартуваше над Лино но топката веќе беше отидена далеку од нив, а прашање е колку евентуален контакт попречи акција на Атлетико Мадрид. Се гледаше ВАР, гостите добија пенал а Хулиан Алварез мангупски го реши со паненка во 35' минута.

Антони даде убав гол за Бетис, се разигра во Шпанија

Помалку очекувано, едно од најскапите засилувања во историјата на Манчестер Јунајтед, Бразилецот Антони за кого на Ајакс му исплатија повеќе од 100 милиони евра со бонуси, по катастрофалните настапи во Англија, дојде на позајмица во Бетис и живна. Во Шпанија му одговара изгледа и јазикот и средината и новиот тим. На првиот дебитантски меч имаше асистенција и доби награда за играч на натпреварот, а на вториот настап постигна гол во поразот од Селта Виго (3:2).

Маестрален дебитантски гол за Кварацхелија во ПСЖ

Во дербито на колото во француската Лига1, ПСЖ со 4-1 го разби Монако и се одлепи 13 бода пред второпласираниот Марсеј кој има и натпревар помалку. Монако е четврти со 37 бода. Два гола постигна фантастичниот Усман Дембеле кој веќе има 16 погодоци во Лига1 а дебитантски гол даде и новајлијата Хвича Кварацхелија. И тоа какво голчиште.

Сте чуле ли за овој спорт?

Calcio Storico Fiorentino е древен спорт, кој се игра во Италија и денес. Се работи за мешавина од рагби, фудбал и борење во грчко-римски стил.

За еден прекршок може ли двајца во затвор?

Не сме виделе до сега вакви синхронизирани силеџии, за кои не е доволно само црвен картон. Во Јужна Америка знаат често да претераат.

Штом Роберто Баџо станува да ти аплаудира, голот е нешто посебно

Те чува Турам, ти брани Буфон, ама ти си Виери. Дрзок, самоуверен, во тие времиња расен стрелец. Да не ја отвораме па темата какво женкариште беше на времето. Кристијан Бобо Виери, еден од симболите на златните времиња на Серија А.

Пандев го советувал Елмас веднаш да потпише за новиот клуб

Македонскиот репрезентативец се врати во Италија каде со Наполи освои историско скудето во 2023-та година. По престојот во Германија каде немаше убаво пројдено време, не играше речиси воопшто и повеќе беше на клупа и на трибини отколку на терен, во јануари потпиша за Торино.

Со Рој Кин ќе садите вие краставици?

Уф какво ретро. Манчестер Јунајтед (10 класи над овој) против Интер на Морати. Рој Кин се поздравува машки со јака клапа составена од Занети, Баџо, Заморано...И толку, не чека никого да се намести. 

Штопот на Зидан го нема никој друг на планетава

Уште 10 вакви клипови да ни улетаат, сите ќе ги изгледаме и објавиме. Неверојатна леснотија и елеганција лежеше во играта на оваа легенда. Великан. Доктор со топката.

Мајсторија во играта еден на еден е кога ќе ти стане цела сала

Личната карта вели дека има 37 години, а движењата му се како на 27. Тоа е новото засилување на Фенербахче, Ерик Меколум. За НБА носталгичарите од 90-те, ова е потсетник на Хаким Олајџувон.

Барселона е разорна, има уште цел куп натпревари а досега дадоа 109 гола

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговата Валенсија во само неколку дена го осетија целиот рафален потенцијал на нападот на Барселона. Каталонците се сурови сезонава пред противничките голови.

Гризман е људина, даде дрес а за возврат доби убав подарок

Атлетико Мадрид периодв игра во зенитот на формата сезонава. Го достигнаа врвот. Имаат неколку победи и рамноправно се борат за титулата со Реал и Барселона. Во вторникот во Кралскиот Куп го растурија Хетафе 5-0 и се пласираа во полуфинале. После тој натпревар Антоан Гризман дотрчал до трибините да го подари дресот на некое дете, а за возврат од навивачите добил сликички со Покемон.

Им ја свитка мераклиски а?

Нема овие денови првенства, ама Купови колку сакаш. Галатасарај го совлада Болуспор на гости со 1:4. 20 годишниот Ејуп Ајдин испорача сјаен кифла удар. Голманот ја гледаше.

Лука официјално претставен во Лос Анџелес, навивачите во еуфорија

Кошаркарите на ЛА Лејкерс играат во сјајна форма, имаат четири победи по ред и се во горниот дел од табелата. Нив ги предводи врвниот Леброн Џејмс кој на 40 години игра ко да е скоро драфтуван и желен за кошарка. Синоќа постигна 42 поени во триумфот на Лејкерс над Голден Стејт Вориорс. Лука Дончиќ беше претставен за првпат официјално пред навивачите.

Нова доминација на Никола Јокиќ со нов трипл-дабл и силно забивање

Српскиот ас одново беше најдобар стрелец бо победата на Денвер Нагетс над Орландо Меџик 112:90 што е петти последователен.

Мората помина глатко покрај навивачи на Галатасарај

Турска сцена која ретко се случува, а тоа е да помине славно име, кој ги носел дресовите на Реал, Атлетико, Челси, Јувентус, Милан и навивачите да не го препознаат. Инаку Алваро Мората беше еден од стрелците на Галатасарај кој триумфираше во Купот против Болуспор на гости 1:4.

Дончиќ му се изнасмеа на Драјмонд Грин за утнат зицер

Во НБА во последниве неколку денови се случија еден куп претумбации. Големи суперѕвезди како Дончиќ и Батлер сменија средини, имаше многу размени и необични селидби. Синоќа Леброн Џејмс го водеше ЛА Лејкерс до нова, 4-та победа по ред, трета против Голден Стејт сезонава. Имаше Џејмс 42 поени и го надмина Мајкл Џордан со таков учинок на 40 години и 38 дена. Лука Дончиќ беше на клупа и му се изнасмеа на Грин кога промаши зицер од под кош.

Леброн урна голем рекорд на Мајкл Џордан

Неверојатниот Леброн Џејмс на свои 40 години игра како во раната младост. Тој синоќа на ЛА Лејкерс му ја донесе четвртата победа по ред, овојпат против Голден Стејт Вориорс 120:112. „Кралот Џејмс“ урна неколку рекорди и стана највозрасниот кошаркар кој дал над 40+ поени во НБА.

Столе за 30 минути прими 4 гола од Барса

Валенсија, која е претпоследна на табела во Ла Лига, доживеа нов дебакл од Барселона (0:5) и во Купот каде ги завршува настапите во четвртфинале. Домаќините се распаднаа по само половина час игра кога на семафорот стоеше 0:4. Дел од навивачите го напуштија стадионот уште во 23 минута. Лоша вечер на Столе Димитриевски кој доби шанса во стартната постава.

Атракција на Алкараз, кандидат за поен на годината

Карлос Алкараз го збриша Андреа Вавасори во осминафиналето на АТП турнирот во Ротердам за 1 час и 5 минути со 6-2 и 6-1. Погледнете во еден момент што му одигра на Италијанецот. Шоу.

Икич се јави со видео откако го умреа

Дел од македонските портали вчера објавија дека починал Илија Темелковски. Поранешниот селектор на македонската ракометна репрезентација лично и персонално сними видео за да демантира. Инаку со Темелковски како селектор се поврзани најголемите успеси во нашиот машки репрезентативен ракомет.