Тајрис Макси постигна 54 поени со шут од игра 18/30, 6/15 за три и 12/14 слободни фрлања.
Тајрис Макси на 7-ми април 2024-та постигна неверојатни 52 поени а сега за два поени го подобри својот рекорд. Во февруари 2024 и во ноември 2023 тој постигнуваше по 51 и 50 поени.
Тој се придружи на екипата од 41 кошаркар во НБА кој надминал граница од 50 поени.
25-годишниот Тајрис Макси ја игра својата шеста НБА сезона. Сезонава има 33,4 поени по натпревар и постигнува по најмалку 30 поени на 9 од првите 15 натпревари сезонава. Тој е втор на листата најдобри поентери зад Лука Дончиќ кој има просек сезонава од 34,6 поени по натпревар.
Филаделфија со овој триумф сега има 9-6 и е на шесто место на Истокот.
Тајрис Макси извесно време беше во сенка на Џејмс Харден и кога овој замина во ЛА Клиперс, лидерот на Филаделфија 76' стана одличниот плејмејкер. Неговиот напредок се гледа и статистички, во изминатите четири сезони тој во просек постигнувал 17,5, 20,3, 25,9 и 26,3 поени по натпревар и градационо се развивал.