Еуфорија во чест на Перишиќ кој влезе во клубот 150
Хрватите се прошетаа во квалификациската група Л, каде завршија убедливо први со 7 победи и едно реми, како и гол разлика 26:4. Иван Перишиќ против Црна Гора стигна до голема бројка од 150 репрезентативни настапи. Пред него е само Модриќ со 194. Одигра четири Европски, а следната година ќе го игра и четвртото Светско. Јубилејниот настап се славеше во соблекувалната во Подгорица.