Во дербито на вечерта во бразилската Серија А, Коринтијанс со 3-1 го победи Сао Пауло. При резултат 1-1, во 84-та минута коментаторот зборува за Холанѓанецот Мемфис Депај дека кога и да игра за холандска репрезентација дава голови, а дојде ли во Коринтијанс не може да даде гол и постојано е повреден. Додека го збори тоа Мемфис постигнува прекрасен гол за 2-1. На крај дадоа уште еден, втор на Јури Алберто во 89-та за конечни 3-1.
На 22 натпревари во бразилската Серија А Мемфис Депај сезоанва има 6 гола и 3 асистенции. Во меѓувеме стана најдобар стрелец во историјата на холандскиот фудбал со 52 гола на 102 натпревари.