Offside

Големи контроверзи во НР Кина предизвикало видео на кое се гледа како Килијан Мбапе одговара на брзи, кратки прашања. Го навредил таткото на кинеската нација и сега сите кинески спонзори поврзани со него ќе ги раскинуваат договорите со него и со Реал Мадрид.

Синиша Михајловиќ - рекордерот по број на црвени картони

За Синиша Михајловиќ уште од играчките денови знаевме дека има незгоден карактер и дека кога ќе збесне поради некоја судиска одлука, црвениот картон му беше неизбежен. Таков е и денес како тренер. Во Серија А добил дури осум црвени картони како тренер.

Топџиите се незапирливи, Арсен Венгер нема наведнато глава од 14 август

Кога го гледа човек составот на Арсенал, особено нивната навала во напад и резултатите кои знаат да ги направат, особено последнава серија, просто неверојатно е како овој клуб победува и упорно не освојува трофеи.

Хит на Тоше Проески ечеше на НБА натпревар

Мајами Хит славеше над Сакраменто со 108:96, а најдобар поединец на мечот беше Словенецот Горан Драгиќ со 25 поени. Не го издвојуваме поради учинокот на мечот, туку поради неговиот избор за песна на кароке, а тоа е Чија си која се слушна во „Американ Ерлајнс“ арената.

Италијанците се далеку од освојување уште едно место во ЛШ

По четири изминати кола во Лигата на шампионите имаме нова апдејтирана ранг листа која покажува дека екипите од Серија А треба да газат на меѓународна сцена за да си го вратат четвртото место.

Акинфеев во епизодата прашај паталец не гаталец

Најдобриот руски голман од 2003. година е незаменлив на голот на ЦСКА Москва и руската репрезентација, но тој има сериозен проблем што цели 10 години ниту еднаш не ја сочувал мрежата во Лигата на шампионите и примал гол на 40 средби по ред.

Сте го виделе ли најчудниот фелш во историјата?

Бидејќи лека полека наближува месец јануари кога ФИФА ќе дели признанија за најдобрите, не смее да го заборави овој гол на Фаиз Субри од Малезија кој мора да влезе во тесна конкуренција за Пушкаш награда. И да, Роберто Карлос не ја сруши физиката, туку Субри.

Систина пронајде лек за Гранит

ЈСП и Систина славеа убедливо во вториот ден од 5. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Фајтот меѓу Наполитанците и Чарши Бешикташ

Да имаше понуда во кладилница за евентуални инциденти на мечот Бешикташ - Наполи во Истанбул, коефицентот сигурно ќе беше 1.20. Од причина што во Турција допатуваа околу 400 екстремни навивачи на Наполи, а оние на Бешикташ не се познати по садење дрвја и цвеќиња. Се начекаа на една метро станица близу стадионот.

Магија и уметност во едно

Лудогорец синоќа имаше извонреден резултат од 2:0 против Арсенал по само 15 минути игра, но кога Топџиите ќе тргнат во налет, Бугарите може само да гледаат, да се чудат и да го мотаат неколку пати ова ремек дело на Озил како што го мотавме ние.

Барселона надиграна и поразена на Етихад

Атлетико Мадрид, Арсенал и ПСЖ во последните мигови стигнаа до победа и заедно со Баерн Минхен се првите осминафиналисти кои по 4 кола обезбедија пласман во нокаут фазата од ЛШ. Манчестер Сити и се одмазди на Барселона за високиот пораз на Камп Ноу.

Се пензионираше и најдобриот тројкаш на сите времиња во НБА

По Коби Брајант, Кевин Гарнет и Тим Данкан, уште една легенда која што ги одбележи претходните 20 години во НБА, реши да се повлече. Реј Ален замина во пензија.

Како Ел Шарави работи со топката

За да гледаме вакви видеа не мора секогаш да чекаме за да налетаме на Роналдињо, некој друг Бразилец како него или на фристајл мајстор. Гледајте што знае и еден италијански напаѓач.

Челси се препороди откако Конте ја смени формацијата

Италијански стратег не е Италијанец ако не покаже што може да направи со добра тактика која во последно време се покажа како полн погодок, а тоа во превод значи нема примање гол со тројца во одбрана.

Едноумието на Саутемптон

Премиерлигашот кој во четврток ќе го пречека Интер во Лига Европа реши на своите навивачи да им понуди да гласаат за најубавиот гол во месец октомври. И ништо не би било чудно, освен ако исходот на гласањето не би бил познат од почеток. Нејсе, добар штос.

Тони од Крива Паланка растури на Типстер

Заврши првата месечна битка во најновата четврта сезона на Типстер. Победникот е убедлив на првата позиција.

Фудбалска фотографија за сите пари

Англиските нисколигаши Гилдфорд Сити и Северен Грендфорд освен што одиграа супер неизвесна средба која заврши 4:4, беа инспирација и за фотографот Пол Бургман кој ја направи најдобрата фудбалска фотка на сезоната.

Омилениот фудбалер на Симеоне кој го тргнал татковото презиме

Кога Арда Туран замина во Барса, Атлетико Мадрид знаеше дека тешко ќе најде достојна замена за Турчинот. Од Монако го доведоа Караско и го гледаа само како перспективен и амбициозен играч, но тој брзо стана важен дел од првиот тим.

Приемот на Суарез на топка фрлена од кран

Луис Суарез има неверојатен прием на топка, а тоа го покажа откако му фрлаа топка од кран висок 35 метри.

Почина скулпторот на трофејот за Светско првенство

Силвио Гаѕанига, човекот кој го дизајнираше највредниот трофеј во историјата на фудбалот почина во Милано на 95-годишна возраст. Кафу му изрази сочуство и благодарност за тоа што го дизајнирал пехарот кој ја носи најголемата радост во спортот.

Несторовски држи подобра форма од Нејмар и Ибрахимовиќ

Македонскиот напаѓач е во голгетерска серија за Палермо и тоа многу радува пред гостувањето на Македонија против Шпанија на 12-ти овој месец. Но проблемот е што во неговиот клуб никој не е на висина на задачата како него.

Втората младост на Боатенг во Лас Палмас

Поранешниот фудбалер на Милан и Шалке, Кевин-Принс Боатенг (29) игра одлична сезона во најголемото изненадување во Ла Лига, Лас Палмас. Ганецот веќе даде четири гола во осум кола, кој од кој поубав и потсети дека не е за старо железо.

Сава Осигурување со пресинг до победа над НЛБ Банка

Екипите на Трансмет, Еуролинк и Сава Осигурување со победи го отворија 5 коло во Бизнис лигата на Македонија.

Прес на Михајловиќ во стилот на Клоп

Стратегот на Торино побара од Џо Харт на пресот да се обиде да зборува на италијански, но овој се укочи и продолжи на англиски. Потоа Синиша Михајловиќ удри на хумор со новинарите: Не ве гледам дека запишувате забелешки. Ти на пример правиш финта демек пишуваш, а уствари правиш список што треба да пазариш. А инаку добро зборуба Харт англиски нели?

Видео на денот

Ако мислите дека сте го гледале најдобро видео или одбрана на колото, да се разбереме, грешка сте, бидејќи од ова нема бољи.