Вниманието на македонската спортска јавност која ја следи Серија А сезонава е најмногу свртено спрема настапите на нашиот напаѓач кој е хит во моментов и чија кариера оди во нагорна линија. Беше најдобар стрелец во хрватското првенство, го совлада Буфон во дресот на Македонија и направи трансфер во Италија каде не застанува да ги тресе мрежите.
Илија Несторовски има старт во една од најквалитетните лиги во светот како ниту еден друг македонски фудбалер. По 11 минати кола стигна до 5 гола од вкупно осумте на Палермо, но штета што неговиот тим не функционира и со само една победа, три нерешени и седум порази се наоѓа на претпоследното 19-то место со бод повеќе од Кротоне.
Иле ги тресна Кротоне, Аталанта, Сампдорија, Удинезе и синоќа Каљари и во моментов е во друштво на шестмина фудбалери во италијанското првенство со по 5 гола.
Ист број на голови има со играчи од калибарот на Роналдо, Бензема, Азар, Волкот и Дефо, а има повеќе од Ибрахимвиќ, Рашфорд, Стерлинг, Жиру, Варди, Нејмар, Бејл и Мората.
Синоќешниот гол против Каљари
Листа на стрелци во Серија А:
Головите против Кротоне, Аталанта, Сампдорија и Удинезе.