На моменталната табела Италија е на четвртата позиција според бодувањето на УЕФА и многу заостанува зад Англичаните кои заедно со Германија и Шпанија се единствените три земји кои може да имаат по четири претставници во најелитното клупско европско натпреварување.
Италија има 2.821 бод помалку од Англија кои се тешки за анулирање, а за да им се доближат потребно е нивните екипи да одат колку што е можно понапред во нокаут фазата во ЛШ и ЛЕ и да навиваат англиските екипи да се соочуваат со рана елинимација.
Претставници од Премиер лигата оваа сезона во Европа се Манчестер Сити, Арсенал, Тотенхем и Лестер во ЛШ, а Манчестер Јунајтед и Саутемптон во ЛЕ. Од Италијанците во ЛШ се Јувентус и Наполи, а во ЛЕ Интер, Фиорентина, Рома и Сасуоло.
Топ 10 места:
91.998 Шпанија (4 in ЛШ, 3 во ЛЕ)
71.498 Германија (4 во ЛШ, 2 во ЛЕ, 1 елиминирана)
67.819 Англија (4 во ЛШ, 2 во ЛЕ, 1 елиминирана)
64.998 Италија (2 во ЛШ, 4 во ЛЕ)
48.499 Франција (3 in ЛШ, 2 во ЛЕ, 1 елиминирана)
46.932 Русија (2 во ЛШ, 2 во ЛЕ, 1 елиминирана)
45.832 Португалија (3 во ЛШ, 1 во ЛЕ, 1 елиминирана)
40.233 Украина (1 во ЛШ, 2 во ЛЕ, 2 елиминирани)
35.400 Белгија (1 во ЛШ, 4 во ЛЕ)
34.600 Турција (1 во ЛШ, 3 во ЛЕ, 1 елиминирана)