Сава Осигурување со пресинг до победа над НЛБ Банка

Екипите на Трансмет, Еуролинк и Сава Осигурување со победи го отворија 5 коло во Бизнис лигата на Македонија.

Сава Осигурување со пресинг до победа над НЛБ Банка
НЛБ Банка 3-7(1-4) Сава Осигурување
НЛБ Банка: Фарук Биљали 9’ 24’ Стојн Сапаловски 37’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 3’ 12’ 20’ 31’ Данило Апостолоски 13’ 25’ 35’

Петото коло во Бизнис Лигата на Мкедонија го отворија екипите на НЛБ Банка и Сава Осигурување.
Екипата на Сава Осигурување уште на самиот старт играше пресинг во предно поле со што успеа да искористи грешка во додавањето на НЛБ Банка и во третата минута преку Коста Глигуровски успеа да поведе со 0-1. На идентичен начин НЛБ Банка израмни преку Фарук Биљали во деветата минута но Глигуровски имаше своја вечер и постигнувајќи хет-трик на кој му се приклучи Данило Апостолоски ја водеше екипата на Сава Осигурување до убедливи 1-4 на полувремето. Екипата на НЛБ Банка преку Фарук Биљали го отвори второто полувреме во 24-та минута со што се обиде да фати резултатски приклучок, но екипата на Сава Осигурување во своите редови ги имаше Коста Глигуровски и Данило Апостолоски кои со хет-трик ја одведоа екипата до убедлива победа од 3-7.

УНИКА во некомплетен состав го загуби дуелот со ТРАНСМЕТ
УНИКА 2-5(1-3) ТРАНСМЕТ
УНИКА: Бенјамин Граинца 9’ 23’ 
ТРАНСМЕТ: Живко Стојковски 9’ 13’ 39’ Един Скендеровиќ 16’ Енис Исаки 21’

Уника во дуелот со ТРАНСМЕТ влезе ослабена со мал број на играчи во ротација. Во ваквата поставеност екипата на УНИКА го користеше Арбен Нухиу како голман играч поради што се чуствуваше празнина во нападот. Екипата на ТРАНСМЕТ успеа да го искористи тоа па првото полувреме со добро контролиран напад успеа да го добие со 1-3. Стрелци на головите во првото полувреме беа кај ТРАНСМЕТ Живко Стојковски и Един Скендеровиќ, а кај УНИКА Бенјамин Граинца. На самиот старт на второто полувреме проработе адреналинот кај двете екипи, се играше во секој дуел на раб на фаул. Имаше голем број исклучувања и на двете страни по што малиот ростер на играчи во УНИКА не можеше да го прати темпото па го загуби овој натпревар со 2-5

Еуролинк во отворен фудбал до победа над Адмирал
Еуролинк 8-6(5-2) Адмирал
Еуролинк: Дарко Атанасовски 10’ Раде Бакев 12’ 16’ Ивица Стефковски 13’ 38’ Дарко Кадински 20’ 32’ Филип Блажевски 34’
Адмирал: Горан Грковиќ 6’ 35’ Филип Добревски 12’ Спасе Новковски 21’ 39’ Ненад Лазаревски 31’

Екипите на Еуролинк и Адмирал го започна првото полувреме играјќи крајно отворен фудбал со целосен акцент на игра во нападот и на двете страни нападот изобилуваше со атрактивни потези преку кои се доаѓаше до изгледни шанси за гол. Екипата на Еуролинк имаше своја вечер да искористи поголем дел од шансите и го доби полувремето со 5-2. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, во ваков отворен фудбал Еуролинк успеа да ги поврзе редовите во нападот и стекне солидна предност за во мирна завршница да го добие овој натпревар со 8-6.

1 ноември 2016 - 08:54