Offside

Денвер Нагетс долго време се мачеше против Њу Орлеанс но на крајот успеа да победи во продолженија иако во еден момент губеше -23 поени разлика. Никола Јокиќ имаше трипл-дабл учинок и беше најдобар на теренот. Постигна 35 поени со 15 скока и 10 асистенции со што стигна до бројката од 222. трипл-дабл учиноци во кариерата и го надмина Расел Вестбрук.

Олимписки и светски шампион во пливање стана ракометар

Успесите од базенот ќе се обиде да ги преслика на паркетот во салите, а викендов го имаше и професионалното деби во спортот кој како мал најмногу го сакал.

Канада исфрлена од тенискиот Дејвис Куп, судијата погоден во око

Еден од поинтересните дуели на годинешниов Дејвис Куп, Канада - Велика Британија имаше неславна завршница откако 17-годишниот Шаповалов го погоди судијата право во око и тешко го повреди.

Откриена е мистеријата зошто има толку глумци во фудбалот

Кога ќе се зачудите како може некој фудбалер толку театрално да падне само ако го допрат или ако воопшто не го допрат, сетете се дека има нешто што им пречи, а тоа е голфот.

Ништо без наш Иле во Палермо

Македонската машинерија за голови, продолжува да ги тресе мрежите во Серија А. Откако минатата коло Несторовски погоди на Сан Паоло и му скина бод на Наполи, сега постигна многу важен гол во борбата за опстанокот против Кротоне. Во 27 минута на Ренцо Барбера грмеше името на Илија за 9-ти погодок сезонава од вкупно 19 на цела екипа.

Грег Поповиќ во легендата - 1.128 победи со еден тим

Со успехот против Денвер, Грег Поповиќ стана тренер со најмногу победи со еден ист тим во историјата на НБА и го надмина идолот од детството Џери Слоан од Јута Џез.

Натчовечка одбрана на Икер Касиљас на дербито

Некогашниот капитен на Реал Мадрид и Шпанија Икер Касиљас е најзаслужен за победата на Порто во дербито со лутиот ривал Спортинг Лисабон. При резултат 2:1 во 93-та минута Касиљас одбрани топка што сите ја видоа во голот на Порто.

Како Џон О`Ши се снајде како голман на Јунајтед

4 февруари 2007-ма или точно 10 години по оној легендарен момент кога О`Ши мораше да изигрува голман против Тотенхем. Ван Дер Сар заработи тешка повреда, Фергусон ги направи сите измени, а Гигс и Руни му фаќаа сеир на дефанзивецот кој одлично се снајде како голман и остана несовладан.

ЖРК Вардар му го зема скалпот и на Мец

По големиот триумф над европскиот првак Будуќност на гости, ракометарките на ЖРК Вардар го совладаа Мец и стигнаа до одлична серија од седум победи во низа во Лигата на шампионите.

Како Каталонците им правеа шева на Кралевите

Ел Класико, 2012-та кога Барселона везеше (не дека сега не везе) и по една освоена топка успеа целосно да ги зашемети фудбалерите на Реал Мадрид. Друг клуб ова не го може, особено не против Реал. 

Најтактичката тројка за продолженија и лудница во сала

Кошаркарите на Шибеник имаа предност од 86:83 на дуелот со Сплит и на 7 секунди до крај направија намерен фаул, ама на погрешен човек по име Ширко. Дечкото освен што даде две тројки во последната минута, финишот го одигра јуначки и со помош на среќа.

Мурињо, на младите останува светот

Под палката на Жозе дебитирале 49 млади играчи, но само дебитирале. Најголем дел од нив ги нема на фудбалската мапа, а еден од ретките светли примери е Алваро Мората кој стана стандарден репрезентативец на Шпанија. Што има Мурињо против младите таленти?

Како е можно овие момци да не освојат ништо со репрезентација?

Ги гледаш и не знаеш дали да ги жалиш или да се чудиш, како може ваков епски спој на 11 луѓе родени во иста земја да не стигне до ниту еден пехар на големите натпреварувања. До нив ли е, до силната конкуренција или пак лошиот избор на селектори?

Најсаканиот голман во Ливерпул кој доби писмо од Папата Јован Павле

Од моментот кога ги облекол рударските ракавици на татко му посакал да биде голман. Од родната Полска кариерата го однесе во Ротердам, Ливерпул и Мадрид, градови во кои прослави многу трофеи.

Февруарски Типстер со капче, USB и пиво

Во тек е битката за вториот месец во годината на Типстер со стандардно три подароци за најдобрите тројца.

Кои клубови трошат најпаметно на трансфер пазарот

Во големото богатство на најелитните лиги во европскиот фудбал се кријат голем број на погрешни инвестиции за играчи кои се брзо заборавени. Има клубови кои се лузери за успеси во однос на тоа што го трошат. Најдобар пример е Атлетико Мадрид, лош пример двете екипи од Милано.

Емоциите на слепиот навивач на Црвена звезда

Пејачот Дејан Матиќ минатата недела стана еден од најпознатите навивачи на Црвена звезда откако камерите го покажаа во кадар како го бодри омилениот клуб на меч од Евролигата против Панатинаикос.

Почетоците на еден од најголемите таленти на Феенорд

Пред точно 15 години дебитантски настап во сениорска категорија за Феенорд имаше Робин ван Перси. Најголемиот белег го остави во Арсенал каде во деветте сезони остигна 132 гола. Еден од заслужните за тоа е и Арсен Венгер кој од лево крило го трансформираше во напаѓач, нешто што му успеа и со Анри. Робин уште како млад бил амбициозен и тренирал слободни удари пред и после тренинг. Има одлични снимки од неговата младост каде се двоел од другите.

Годините се само бројка, египетскиот голман најдбро знае

Есам Ел-Хадари на африканскиот Куп на Нации бранеше на 5 меча: оствари 4 победи, 4 пати не прими гол, фати два пенала и го однесе Египет во финалето. А има 44 години.

Топ 10 голови на Френк Лампард

Грев е човек да треба да избере само еден гол од 302-та на легендата на Челси или од овие 10. Гледајте и уживајте, компилацијава е извонредна, за секој погодок има опис. Страшни се бомбите против Ипсвич и Хрватска, а тие против Хал, Барселона и Баерн се уметност.

Зошто во Италија луѓето веќе не одат на стадион како порано

Додека вртиш спортски канали и се мислиш што да гледаш, некако први во око ти паѓаат преполните стадиони во Англија и Германија и депресивно сивите полупразни арени во Италија. Зошто е тоа така?

Колку треба да си несмасен за да примиш ваков гол

Фудбалерите на Партизан се посрамотија на првиот меч од припремите на Кипар, каде загубија 2:1 од германски четвртолигаш. Дефинитивно најголемата вина оди кај голманот Филип Кљаиќ бидејќи рацете му се кашкавал.