Есам Ел-Хадари првпат бранел за Египет на 26. март 1996. година и досега има 154 настапи. Најзаслужен е што Египѓаните ќе играат во финалето против Камерун или Гана. Во случај Египет да го освои овогодинешниот Африкански Куп на Нации тоа ќе биде петта титула за голманот Ел-Хадари (го освојуваше во 1998, 2006, 2008 и 2010).
За тоа колку долго Ел-Хадари го чува голот на Египет зборува и податокот што кога првпат го освоил ова вредно натпреварување во 1998 година, Рамадан Соби, крилото на Стоук Сити кој е најмлад египетски репрезентативец во моментов имал само 1 година. Ел-Хадари има ќерка која што тогаш исто имала само 1 година.
Ел-Хадари во кариерата најмногу бранел во домашното првенство а единствен излет во Европа му бил во швајцарскиот Сион каде потпиша во 2008-ма година.
Во историјата на фудбалот само Џанлуиџи Буфон, Икер Касиљас и Ал-Деајеа од С. Арабија имаат повеќе репрезентативни настапи од Ел-Хајдари.