Есам Ел-Хадари првпат го облекол дресот на репрезентацијата на Египет пред 21 година. Од тогаш па наваму е синоним за долговечност меѓу голманите и човек кој ако го заобиколат повредите би можел да брани на Светско првенство на 45 години.
Есам Ел-Хадари на африканскиот Куп на Нации бранеше на 5 меча: оствари 4 победи, 4 пати не прими гол, фати два пенала и го однесе Египет во финалето. А има 44 години.