Најтактичката тројка за продолженија и лудница во сала

Кошаркарите на Шибеник имаа предност од 86:83 на дуелот со Сплит и на 7 секунди до крај направија намерен фаул, ама на погрешен човек по име Ширко. Дечкото освен што даде две тројки во последната минута, финишот го одигра јуначки и со помош на среќа.

„Договорот беше да го промашам второто слободно фрлање, но јас го промашив случајно првото. Судијата ми рече дека не смеам да го промашам второто намерно. Гледав како се градат под кош Сиришчевиќ и нашиот висок играч на десната страна, го гледав обрачот на таа страна и сè се поклопи“, изјави Ширко по мечот.

Во продолжението Сплит успеа да стигне и до победа, а најефикасен на мечот беше Ширко со 28 поени.

 

4 февруари 2017 - 13:45