Ништо без наш Иле во Палермо

Македонската машинерија за голови, продолжува да ги тресе мрежите во Серија А. Откако минатата коло Несторовски погоди на Сан Паоло и му скина бод на Наполи, сега постигна многу важен гол во борбата за опстанокот против Кротоне. Во 27 минута на Ренцо Барбера грмеше името на Илија за 9-ти погодок сезонава од вкупно 19 на цела екипа.

 

5 февруари 2017 - 19:16