Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
Знаете ли дека во последниве 8 сезони во Премиер лигата титулата ја освојуваат четворица различни италијански тренери, а дека во последниве 25 години во најскапата лига во светот ниту еден домашен тренер не го сторил тоа? Едноставно Италијанците тоа го прават најдобро.
Роман го презеде Челси во 2003-та година и во овие 14 години освои најмногу трофеи од сите конкуренти. Неговата империја донесе титули во Премиер лига, во ФА Куп, во Лига Куп, во Лига на шампионите и во Лига Европа.
Просто кажано, ако сакаш да освоиш титула во првенство договори го младиот Французин Кингсли Коман, талентот кој ја освои француската, италијанската и германската лига.
Го изгледавме видеово едно 5-6 пати за да се обидеме да сфатиме што му беше намерава на дечково кој со ова ремек дело сигурно влегува во топ 5 антологиски автоголови. Тоа е, не е секој Канаваро.
И во ера на смартфони, некој уште си држи до старите навики и не се откажува од телетекс. Во 34 кола само една екипа не мрдна од својата позиција уште од прво коло и по пауза од 17 години ја врати титулата во Ротердам. Добар гиф.
Тоа што му се случи на Реал Мадрид пред полуфиналето на ЛШ во 1998-ма против Дортмунд кога се сруши едниот од головите и сè што се случувало во меѓувреме во позадина е сценарио за врвен филм со главниот јунак Ерерин, најсaканиот човек на Бернабеу.
Стадионот Олимпико во Рим вечерва ќе ги нагости финалистот од ЛШ и единствен тим во Европа кој е во игра за тројна круна и тимот кој практично ќе биде домаќин и кој со 72 гола по 36 кола во Серија А го сруши клупскиот рекорд на реализација.
Дефанзивецот на Куба У17 по име Карел Еспиноза веројатно се восхитува на Кристијано Роналдо, ама подобро нека го вежба почесто неговиот начин за изведување слободни удари бидејќи ќе го остави националниот тим без топки.
На 17. мај пред 17 години, на стадионот „Паркен Стадиум“ во Копенхаген, најславната генерација во историјата на Галатасарај на пенали го победи Арсенал во финалето на Купот на УЕФА и го освои ова вредно натпреварување.
Го носи епитетот најфудбалскиот град во Македонија, има двократен шампион кој има нагостено екипа и од Серија А, а на стадионот не знае човек дали некој сади бостан или одгледува тутун. Ама ќе се реконструирал, епа нека се реконструира де, зошто е како росна ливада?
Матејс Де Лигт е роден на 12. август 1999-та година, а веќе дебитираше за репрезентацијата на Холандија и е стандарден член на одбраната на Ајакс кој ќе игра во финалето на Лига Европа против Манчестер Јунајтед. Де Лигт речиси после секој меч ги довикува навивачите од теренот.
16 мај 2004-та, последно коло во Серија А. Цел Сан Сиро е на нозе, не затоа што Милан ја победи Бреша со 4:2, туку затоа што за последен пат во дрес и копачки се појавува Роберто Баџо, еден од најдобрите италијански напаѓачи на сите времиња.
Обично велат дека многу мозгање и анализирање на натпреварите во билтен не е од некоја корист. Некогаш треба да пишеш што ти дојде од прва. Навивач на Феенорд ќе ви каже како оди тоа. Пред стартот на сезоната во Холандија ставил 25 евра дека Феенорд ќе стане шампион и дека Николај Јоргенсен ќе биде најдобар стрелец.
Довчерашниот фудбалер на португалскиот клуб Ешторил, Матеус де Андраде Гама познат како син на легендарниот Бразилец Бебето потпиша договор со Спортинг Лисабон кој му стави луда клаузула.
Со две промоции во две сезони, скромниот клуб СПАЛ од градчето Ферара ќе игра во Серија А после цели 49 години! На стадиончето „Паоло Маца“ од татко на син шалот ќе го носат навивачи кои ќе ги гледаат Јуве, Рома, Лацио, Милан, Интер, Наполи...
Доминацијата на Реал и Барса во Шпанија не е ништо во споредба со тоа што се случува во шкотското фудбалско првенство, каде само ако си навивач на Селтик или Глазгов Ренџерс ќе знаеш што значи освојување на титула. Така е барем три децении.
Минатиот викенд меѓу себе играа екипа која најсериозно конкурира да влезе во елитната Бундеслига и екипа на која ѝ гори под нозе и е пред испаѓање. На крајот давителот Арминија Билефелд со 6:0 го прегази фаворитот Брауншвајг за најголемо изненадување на сезоната во Германија. А целата работа е по заслуга на тренерот Џеф Саибене.
Поранешниот италијански селектор неколку пати зборувал колку лично тешко му паднал животот во Лондон без жена му Елизабета Мускарело и децата. И покрај тоа, Италијанецот ја освои титулата уште во првата сезона со Челси (шеста за Сините во историјата), а жена му синоќа се расплаче од среќа на „Стемфорд Бриџ“ каде се ореше ’Антонио, Антонио’.
Иако сезонава беше меѓу резервите, Антонио Конте не е Спалети и му даде 90 минути можност на Џон Тери да го осети Стемфорд Бриџ како што треба, веројатно за претпоследен пат. Тој возврати со гол уште по 22 минути игра и борбеност како да е ова финале во ЛШ.
21 година го чекаат навивачите на Старата Дама највредниот трофеј во европскиот фудбал. Оттогаш наваму одиграа неколку финалиња, но никогаш не се качија на кровот на Европа, како што се качија нивните претходните пред повеќе од две децении. Кои беа тие?