Приказнава не враќа во детството особено во оние летни распусти кога од 10 јуни па натаму не испуштавме ден да свртиме фудбалче, серва или шут у дупе.
Овој пат таа сега ни доаѓа од Франција каде фудбалерите на две аматерски екипи изгледа толку многу го промашувале голот, што морало вака на еден нетипичен начин да завршат фудбалски натпревар.
Жена во години им влета на терен, го намести столчето на центар и реши да не се поместува додека сите 22-ца не фатат џаде, бидејќи често ја рогале топката кај нејзе во двор.
Клубот домаќин ја познава жената кај која често завршуваат топки во двор, но овој пат биле немоќни да ја избркаат и решиле да го прекинат натпреварот.
Добро што не и скршиле џам, бидејќи после татко им ќе треба да го викаат да плати.