Соочени со пораст на стриминг платформи популарни веќе со години, националниот тим на Шпанија покажува дека сè уште постојат настани кои успеваат да ги зближат сите генерации на едно место, а тоа е телевизорот.
На Бјанконерите им треба само една победа во последните две кола за да ја заверат шестата титула по ред, но следниот противник со кој се среќаваат нема загубено натпревар во Серија А од 19 март.
Поминаа точно 15 години од финалето во ЛШ меѓу Реал Мадрид и Баер Леверкузен 2:1 (Раул 8` Зидан 45` - Лусио 13`). Се играше во Глазгов на 15 мај 2002-ра. Колку и да се врти овој гол по најавни шпици, едноставно не може, а да не се одбележи јубилејот од оваа убавина за око. Ваква елеганција нема друг фудбалер.
Лоренцо Инсиње е висок 163 см и тука нема ништо спорно, се додека на мечот Торино - Наполи кој се одигра вчера не му се падна да излезе на терен со највисокото дете.
По 8 месеци думање и мачење што да се типува, а да не се изгине, се надзира крајот на четвртата сезона на Типстер, вашата омилена бесплатна кладилница во која ви го цениме и наградуваме трудот, колку можеме.
На Џенова и Емполи почна да им гори под нозе, бидејќи во борбата за опстанок во Серија А ги нападна упорниот Кротоне, можеби првиот тим во историјата чиј играч болен ги бодреше од болница од каде има поглед на стадион.
На првиот меч од финалето на Западот, Сан Антонио испушти предност од цели 25 поени и на крајот славеше Голден Стејт со 113:111. Стефон Кари одигра чудесно со 40 поени и седум скокови, а го имаше и моментот на мечот кога ја реши партијата на 9 секунди пред крајот.
Официјализирањето на титулата во Франција е само прашање на време и ништо друго и ќе оди во рацете на фудбалерите на Монако, освен ако ПСЖ во последното коло не победи со ракометен резултат, а Монако ги загуби убедливо двете последни средби.
УЕФА пушти пробен балон со новиот модел за изведување пенали на Европското првенство за жени и мажи до 17 години. По нерешениот исход во полуфиналето на женското ЕП, на Германија и Норвешка им се погоди да станат први во историјата кои шутирале пенали на овој начин.
Чекаа, трпеа понижувања од најголемите ривали, беа пред финансиски колапс, губеа по 10-0 и имаа рекордна серија на порази но дочекаа. Дочекаа да ѝ се израдуваат на титулата што ја сонуваа од 1999. година.
Премиерлигашкиот меч Тотенхем - Манчестер Јунајтед беше последен во историјата на стадионот „Вајт Харт Лејн“. 36-илјадниот храм на „Мамузите“ отворен во 1899. година, годинава ќе биде срушен.
Се викаш Кристијано Роналдо и ти текнува со другар да се видиш на чај или кафе во некој бар. Не, нема повеќе да се сретнете таму, следниот пат ќе го викнеш или ќе му одиш на гости, затоа што чајот нема ни да го пробаш.
Во Бахреин ФИФА ги собрала некои од најголемите ѕвезди во фудбалот со цел да одиграат некој ревијален дуел од хуманитарен карактер. А таму Роналдињо...
Реал е под страшен притисок од Барселона така што секој бод злато му вреди. Така беше и синоќа против Севиља каде тимот од „Сантиаго Бернабеу“ поведе 1:0 после голот на Начо од слободен додека живиот ѕид не беше наместен. Голот е регуларен, но од аспект на фер-плеј не е коректен.
Кој ќе го купи детево, само ќе се усреќи. Сезонава е најголем хит меѓу тинејџерите во Европа, а неговиот Монако е се поблиску до освојувањето на титулата во Франција. Килиан Мбапе во улогата ајде по бурек и цигари и тоа на 18 години.
Ако треба да се избере еден драматичен крај од долгата традиција на италијанскиот фудбал, тоа сигурно е битката за Скудетото кое се водеше на 14 мај 2000-та. Навивачите на Јувентус и Лацио останаа без нерви. Маратонскиот меч во Перуџа го раскажува нивниот стратег Карло Мацоне.
На мечот против Хамбургер во Бундеслигата, преку 50.000 навивачи на Шалке кои се во братски однос со скопските Комити, направија фантастична кореографија на денот на кој пред 20 години го освоија Купот на УЕФА. На крајот соопштија дека целата кореографија чинела 119.991 евра (исклучително од донации на навивачите, без учество на управата на клубот)
Основната цел на проектот е промоција на физичките, спортски и рекреативни активности, но и грижа за животната средина и намалување на сообраќајниот метеж во градот.
4.469 луѓе досега се потпишаа на петицијата во која се бара кралот на спортското коментаторство да го коментира финалето од ЛШ во Кардиф. Финалето на 3 јуни без него нема да биде финале. Кус и убав пресек со гласот на Калински и неколку факти за него.
Да бидеш еден од најценетите тренери во Италија а да не си „нивен“ значи само едно: Да се викаш Зденек Земан, човекот кој правеше чуда со Фоџа во ’90-те години, а ги тренираше и римските гиганти.
Родена е во 1916-та и е само 17 години помлада од клубот кој и е на прво место во животот. Баба Марта е закон, таа не зборува за пензија или плетење, туку вели: Треба да се вратиме во Европа.
На 12 мај 2013-та година докторот за фудбал по име Сер Алекс Фергусон за последен пат стапна на Олд Трафорд како тренер. Си замина по одиграни 1.500 натпревари и освоени 38 трофеи. Последниот поздрав до него беше организаиран на спектакуларен начин. Не се раѓа негов наследник во наредни 100 години. Ова се моменти за ежење.
Дуелот со Реал во полуфиналето на Лигата на шампионите беше последен европски меч на „Висенте Калдерон“. Атлетико Мадрид од август ќе игра на својот нов ултра-модерен стадион.
Колку и да зборуваме дека Балотели е малоумен, Тевез лаком и Швајнштајгер лабав што не седеше на клупа во Јунајтед, на крајот на денот овие тројца фудбалери ќе држат широка насмевка како Џулија Робертс и ич нема да им чуе што мислат другите за нив.