Селекцијата на Чиле синоќа доживеа дебакл на домашен терен од Парагвај 0:3 во мундијалските квалификации. Најголемиот срам и нервоза го изеде Артуро Видал кој го отвори резултат со автогол на годината. Фудбалерот на Баерн Минхен веќе извесен период е мета на критичарите во својата земја и денеска преку Твитер се закани со заминување од репрезентација.