Зошто Мбапе прејде во ПСЖ а не во Реал Мадрид

Еден од најскапите трансфери во историјата на фудбалот го направи тинејџерот кој од Монако премина во ПСЖ на позајмица со право на откуп од 180 милиони евра за да не се прекрши фер плејот на ФИФА и УЕФА.

Зошто не во Реал?

„Тој е голем навивач на Реал а Кристијано Роналдо е негов идол. Цело време гледаше видеа со него на интернет и цела соба му беше со постери од него“, изјави неодамна таткото на Килијан Мбапе.

Самиот фудбалер кој синоќа даде прекрасен гол и за репрезентацијата на Франција во квалификациите за Мундијал 2018 против Холандија раскажа во една прилика:

„Зидан сакаше да ме потпишат уште кога имав 14 години. Мечтаам да отидам во Реал и да им докажам дека сум топ играч и дека им требам. Ако се работеше исклучиво за фудбал, а не за смена на земјата, на културата и на јазикот можно е уште тогаш (во 2013-та) да преминам во Реал. Кога имав 4 години, ’Галктикосите’ на Реал ја разбудија во мене желбата да станам професионален фудбале кога ќе пораснам“.

А тренерот на Реал Мадрид кој освои неброено многу трофеи и како играч и како тренер за надежта на францускиот фудбал изјави:

„Знаеме дека тоа што го прави на свои години изгледа неверојатно. Го побаравме, зборувавме со неговите, но тој го претпочиташе Монако“.

На крајот од јули во сите најголеми светски медиуми излезе веста дека Мбапе и Реал се договориле за 6-годишен договор и дека целиот трансфер ќе изнесува 180 милиони евра.

Како мал цела соба му била со постери од Реал Мадрид

Сите сметаа дека главна причина за тоа бил Зинедин Зидан кој 4 години претходно го викнал Мбапе во младинскиот тим на Реал и му направил екскурзија по клупската база (во 2013-та Зидан стана помошен тренер на Анчелоти во првиот тим).

Се очекуваше Реал да го продаде Велшанецот Герет Бејл за да има рамнотежа на финансискиот фер плеј но Манчестер Јунајтед и Мурињо се откажаа од овој трансфер затоа што имаше многу пречки. Според друга верзија, идејата за трансфер на Мбапе би можела да го налути Кристијано Роналдо кој претходно не реагирал добро при трансферот на Бејл за рекордна сума а камоли сега кога за 18-годишен фудбалер би се дале 180 милиони евра. Но тоа е во сферата на гласини.

Зошто отиде во ПСЖ?

Може да не верувате, но трансферот на Мбапе во ПСЖ има и други причини освен пари. Прво - Париз е роден град на Килијан кој таму растел. Се родил о предградието на Париз - Бонди. Таму почнал како мал да игра фудбал во академијата која што ја водел татко му Вилфрид.

После некое време Мбапе заиграл во познатата академија Клерфонтен каде некогаш немало силни рефлектори и навечер светлината била како од мобилен телефон.

Од Клерфонтен Мбапе можеше да оди во Шпанија, го викаа и во Англија а варијанта беше и ПСЖ. Иако наполни 18 години неговите родители сметал дека уште е рано да ја напушти границата затоа што тешко ќе се адаптира на услови кои се различни од оние во Монако каде израсна во супер-ѕвезда.

Килијан тргна по патот на Тиери Анри со кој сега се гледа почесто. Една од причините зошто се одлучил за ПСЖ е и затоа што не сакал драматично да ја смени ситуацијата и останал во Лига 1 каде е опкружен со свои другари и соиграчи со кои играл во детството а од младинска школа стигнале во прв тим.

Третата и можеби главна причина ја кажа лично самиот Килијан Мбапе: „Го одбрав ПСЖ, а не Реал затоа што во Париз ќе имам повеќе простор за напредок. Тоа беше решавачки фактор“.

Директорот на познатата фудбалска академија Клерфонтен, Жан-лод Лафарж вели.

„Ова е голем чекор напред за него, конкуренцијата ќе биде жестока но тој веќе знае некои играчи во тимот и лесно ќе се прилагоди“.

Селекторот на Франција Дидие Дешамп даде понеутрална изјава: „Тој (Мбапе) прејде во друг клуб, но остана во Лига 1. Времето ќе покаже дали е тоа правилно решение“.

Уште една причина зошто се решил во полза на ПСЖ е и неговиот договор со Nike. Овој гигант е спонзор на ПСЖ кој носи дресови изработени од Nike, а спонзорски договор има уште со Нејмар, Кавани и Верати.

Каде ќе игра?

Бекот на ПСЖ, Белгиецот Томас Мение кој синоќа за Белгија даде три гола и имаше четири асистенции против Гибралтар, изјави:

„Нас ни требаше таков играч. На позицијата ’деветка’ го имаме само Кавани и мислам дека Мбапе ќе биде одлична алтернатива. Тој може да игра на средина, лево и десно. Сезонава имаме одлична екипа“.

Радоста од доаѓањето на главниот играч од главниот конкурент не ја криеше ниту Адриен Рабио:

„Сега имаме многу опции во напад. Нејмар и Мбапе можат да играат на сите три позиции: лево, десно и во центарот“.