Италија поразена во квалификации после 11 години!

Џиџи Буфон нема по добро да го памти 170. меч во репрезентацијата затоа што Италија загуби убедливо 3-0 од Шпанија и сосема сигурно ќе остане втора зад Шпанија во нашата група Г.

Шпанија на „Сантијаго Бернабеу“ ја прекина серијата на Италија долга 11 години и 54 меча без пораз во квалификациите. Последен пат „Аѕурите“ загубија меч во квалификациите за Светското првенство на 6. септември 2006 година во дербито со Франција кога стрелци на головите беа Тиери Анри и Сидни Гову а за Италија погоди Џилардино.

Од тој пораз во Париз Италијанците не ја почуствуваа горчината на поразот во квалификациите за Европско или Светско првенство се до синоќа кога неверојатниот Иско на својот стадион во Мадрид го матираше Буфон.

Од мечот во Париз синоќа на теренот во Мадрид беа само Буфон и Барѕаљи.

Од друга страна Шпанија постави неверојатен рекорд затоа што не знае за пораз во квалификациите цели 59 натпревари или од поразот од Данска во 1993. година.

“Фуријата“ на Дел Боске синоќа ја оствари шестата победа во нашата група Г па со една нога е веќе на Мундијалот 2018 во Русија. Шпанците имаат 19 бодови а Италија остана втора со три поени помалку и далеку полош меѓусебен скор и гол разлика.

 

3 септември 2017 - 10:50