На домашниот стадион на Квинс Парк Ренџер екипа собра Алан Ширер и играше против тимот на Лес Фердинанд. Во центарот на вниманието беше Жозе Мурињо, тренерот на Манчестер Јунајтед кој во второто полувреме го замени голманот Дејвид Џејмс и застана на голот (интересно Џејмс на 47 години изгледа како пред 10-15 години).
Мурињо не играше долго, но успеа да: прими гол, да го критикува линискиот судија што не видел офсајд, да добие жолт картон за задржување на времето (поздрав од судијата Марк Халси) и да постигне убав гол од пенал во серијата.
На крајот тимот на Ширер победи 5-3 на пенали.
„Синоќа бев пресреќен кога слушнав дека ќе ни дојде еден од најголемите тренери во историјата. Сер Алекс Фергусон не можеше да стигне на мечот така што Жозе пресреќни сме што ти го замени и ни помогна“, изјавил Ширер после ревијалниот меч.