Конечно фудбалерите добија награда за прикажаното, рече селекторот Игор Ангеловски по триумфот на Македонија против Израел од 0:1. Сигурно најмногу мисли на прикажаното на стартните три средби во овие квалификации против Албанија, Израел и Италија кога нашите фудбалери заслужија барем една победа.
По пауза од 10 години триумфираа против селекција која е во топ 50 на ранг листата на ФИФА. Победата им е посебно драга на Ељиф Елмаз и Горан Пандев.
Првиот затоа што е презадоволен што на 17 години добива шанса од Ангеловски и што синоќа му даде топка со очи на стрелецот кој е дупло постар од него. За вториот ова е гол во квалификации после долгата пауза од 2008-ма кога од пенал го ублажи поразот од Холандија 1:2.
Од тој дуел само Пандев е сè уште репрезентативец, а Елмаз тогаш имал 9 години.
Среќен сум што конечно погодив на квалификациски дуел, но верувајте победата како ништо друго не ме радува, изјави Пандев.
Атмосферата во соблекувална
Дуелот со Албанија се игра во Струмица во вторник со почеток од 20:45 часот.