Ти на мене Лидс, јас на тебе кола

Многу млади фудбалери мечтаат за да стигнат до Англија, а такви од кај нас се ретки. Вака од прва ни текна на Христов, Шаќири, Седлоски, Шумуликоски и Попов кои заиграа во елитата. Алиоски сезонава дебитираше во Чемпионшип, што за него е остварување на сонот. Го цени тоа.

Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски успехот да стигне и да заигра фудбал во една Англија му го препишува на својот татко и за да му се заблагодари направи гест со кој му го стопи срцето.
 
Алиоски на својот татко му купи кола, а големото изненадување е овековечено во одлично видео направено со поддршка на агенцијата која што го застапува.
 
Тој официјално стана играч на Лидс Јунајтед на 13 јули, а некои медиуми пишуваа дека за 4 годишниот договор ќе заработи 10 милиони фунти.
 
25 годишното офанзивно крило родено во Прилеп изминативе 7 години кариерата ја градеше во Швајцарија во екипите на Јанг Бојс Б, Шафхаузен и Лугано, а мината сезона му беше извонредна и ја заврши како трет стрелец во првенството со 16 гола.

Алиоски во моментов е во Хаифа каде утревечер со македонската репрезентација го чека мундијалски квалификациски натпревар против Израел.
 
Минатиот викенд го постигна својо деби гол за Лидс.
1 септември 2017 - 09:53