5 репрезентации кои веќе се пласираа на Светско

За игра нема уште многу и се гледа крајот на квалификациите кои ќе завршат во октомври. Потоа во ноември ќе се играат драматичните баражи за тоа кои ќе влезе во последниот вагон за Русија. На тоа не мислат 5 селекции кои може да уживаат во пласманот.

БЕЛГИЈА

Најдобар стрелец: Лукаку 10 гола
Најдобар асистент: Мертенс 7 асистенции
Незаменливи - Вертонген, Куртоа, Караско по 8 мечеви
Селектор: Роберто Мартинез

Белгија ги победуваше Босна и Херцеговина, Грција, Кипар, Естонија, Гибралтар и станаа прва европска селекција која обезбеди пласман.

БРАЗИЛ

Најдобар стрелец - Нејмар 6 гола
Најдобар асистент - Нејмар 7 асистенции
Незаменливи - Миранда 15 меча, Вилијан, Дани Алвеш, Алисон по 14.
Селектор: Тите

Ги надиграа Колумбија, Уругвај, Чиле, Аргентина, Перу, Парагвај, Еквадор и Венецуела и како убедливо први се пласираа на Мундијалот 2018 во Русија.

ИРАН

Најдобар стрелец - Тареми 3 гола
Незаменливи - Езатолахи, Амири, Џаханбахш - 8 меча
Селектор: Карлош Кеирош
Ги надиграа: Јужна Кореја, Сирија, Узбекистан, Кина и Катар.

ЈАПОНИЈА

Најдобар стрелец - Харагути 4 гола
Најдобри асистенти - Сакаи, Кијотаке 3 асистенции
Незаменливи - Харагути, Јосида - 9 меча
Селектор: Вахид Халилхоџиќ

Ги победуваа Саудиска Арабија, Австралија, ОАЕ, Ирак и Тајланд.

МЕКСИКО

Најдобар стрелец - Корна 3 гола
Најдобри асистенти - Чичарито, Лајун, Вела, Корона по 2 асистенции
Незаменлив: Ерера - 14 меча
Селектор: Хуан Карлос Осорио

Ги победија Коста Рика, САД, Хондурас, Панама и Тринидад и Тобаго.

5 септември 2017 - 14:16