Црна Гора игра солидно првенство и обезбеди пласман во следната фаза, останува само да се види од која позиција и против кој противник таму ќе игра.
Во меѓувреме, ФИБА како организатор на Европското првенство го казни селекторот на Црна Гора и сојузот на оваа земја поради две причини.
Првата е што Богдан Тањевиќ не се појавил на прес-конференцијата после мечот со Унгарија кој Црногорците го добија 72:48 во романскиот град Клуж. Набрзо потоа Тањевиќ запалил цигара во соблекувалната каде што строго е забрането пушењето и сега ќе мора и тој и сојузот да платат по 1.000 евра казна а ако делата се повторат казната ќе биде дупло поголема.
Црна Гора во овие моменти го игра мечот од 4. коло на ЕП, против Чешка, селекција која има два убедливи порази и само една победа против аутсајдерот Романија.