Зенит одново е лидер во руската Премиер лига. Во Санкт Петербург одамна заборавија на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу кој сега е селектор на Турција: Зенит се пресели на нов стадион уште на крајот од мај, во составот на Зенит играат многу Аргентинци, младиот талент Далер Кузјаев и Александар Кокорин. А главниот ривал Спартак Москва е далеку позади.
ОД 4-2-3-1 НА ЛУЧЕСКУ ДО 4-4-2 НА МАНЧИНИ
Италијанецот кој беше тренер на Интер и на Манчестер Сити, по доаѓањето во Зенит веднаш се откажа од формацијата 4-2-3-1 која што ја диктираше Луческу и се врати на класичната 4-4-2, а неодамна во второто полувреме на пријателскиот меч против Австрија Виена, Роберто ја испробал и 4-3-3 со Жулиано како лажна деветка.
Иако 4-4-2 важи за бавна варијанта, оваа класична формација се испостави за оптимална затоа што екипата сега има и поголем посед од онаа на Луческу (58,8% наспроти 57,6%).
РАЦИОНАЛЕН НАПАД
По количество на удари кон противничкиот гол (121), екипата на Манчини го држи 4. место во Руската премиер лига но затоа е најефикасна со 16 гола после 8 гола.
Интересно, тимот од Петербург од дистанца шутнал 54 пати на 8 меча, Спартак Москва 78 шута, ЦСКА 73 шута, Краснодар 66. Од друга страна, Зенит е прв по ударите во рамките на голот со 14 шута што ја прави најпрецизна екипа во лигата (втор е Локомотив со 11 шута во рамки на голот).
Ова значи дека фудбалерите на Зенит немаат целосна слобода во шутот од далечина и попрво би виделе како „ја глушат“ топката околу шеснаесетникот додека не ја протнат зад одбраната, отколку да се расшутираат од неизградени позиции.
Во однос на шансите Зенит досега во првенството направил 16 шанси од кои 10 биле реализирани. Најдобар стрелец е Кокорин со 6 гола и 4 асистенции, а зад него се Дриуси и Кузјаев.
Во просек Зенит од стартот на првенството ретко дава еднакво голови во прво и второ полувреме и почесто се радува на погодок во втриот дел. И дома и на гости, повеќе од головите досега ги даде во второто полувреме.
ТОЧНО ПОГОДЕНИ ТРАНСФЕРИ
Во меѓусезоната во Санкт Петербург дојдоа 13 нови играчи од кои најмногу се погодија тројца - Паредес, Дриуси и Кузјаев.
Паредес стана централна фигура на новиот Зенит. Сите напади на тимот почнуваат преку него и на 8 меча имал дури 754 додавања (против Ростов имал рекорден 121 пас за 90 минути). Втор по точни пасови е левиот бек Доменико Кришито со 612.
Леонардо Паредес кој летово стигна од Рома многу често се враќа дури кај стоперите за да ја земе топката и да креигра игра. Летово дојде и не така одамна најталентираниот аргентински фудбалер Матијас Краневитер кој не успеа кај Диего Симеоне во Атлетико па сега ја растура играта на противниците на тимот на Роберто Манчини.
ОТКРИТИЕТО КУЗЈАЕВ
Далер Кузјаев е откритие на стартот од сезоната 2017/2018. Има потекло од Татарстан, но како дете играл за Зенит кој го праќа на позајмица во неколку клубови. Игра во средниот ред, но редовно учествува во акциите после кои следат голови - има 3 гола и 3 асистенции.
СЕБАСТИЈАН ДРИУСИ
Стигна во Русија во рангот на втор бомбардер на аргентинскиот шампионат. Веќе од старт докажа за каков квалитет се работи. Аргентинецот е можеби најважен играч на Манчини. Тој е втор асистент во лигата после легендарниот Ѓокдениз Карадениз. Дриуси има 4, а Турчинот 5. Дриуси еднакво добро игра и со Кокорин во нападот и сам истурен во шпицот.
ОДБРАНА
Што се однесува до одбраната, основни централни стопери на Зенит на почетокот му беа Ивановиќ и Мамана (не знаел англиски па тешко се разбирал со колегите). Мамана има одличен прв пас и добро поставува офсајд стапици така што напаѓачите на Вардар ќе треба да внимаваат со поставеноста. Десен бек игра стандардниот руски репрезентативец Игор Смољников, а лево најстандарден е Доменико Мимо Кришито, италијанскиот лев бек кој веќе неколку сезони игра за Зенит.
Оваа одбрана прими само три гола на 8 меча во првенството и 2 гола на 4 меча во Европа. Рецептот за успех против Зенит досега го најде само холандски Утрехт кој би победи Русите 1-0 но потоа загуби на реваншот со 2-0. На голот е стандарден рускиот репрезентативен голман, Андреј Лунев.
МОЖНА ПОСТАВА НА „ГРАДСКИ“
Ако некој фудбалер во меѓувреме не се повреди или не го напушти клубот, Зенит најверојатно во Скопје ќе истрча со: Лунев, Смолников, Кришито, Мамана, Ивановиќ, Полоз, Нобоа, Паредес, Кузјајев, Кокорин и Дриуси. Манчини најчесто менуваше на десен бек каде алтернатива на Анјуков најчесто е Смолников или во средниот ред каде Полоз добива шанса пред Краневитер и Шатов.
Нападот најчесто го предводат Кокорин и(ли) Дриуси така што ништо чудно на „Телеком Арената“ на 14. септември да го гледаме овој пеколен напаѓачки тандем во шпицот.