9.300 километри само за тебе Бабунски

Во приказните за најголемите фудбалски фанови кои пример знаат од Австралија да се потегнат до Англија само за да го видат во живо Мурињо, има и такви кои се впуштаат во долги патешествија и за наши фудбалери, како што беше синоќа во Струмица.

Најизненадувачкиот кадар за време на вчерашниот пренос од мечот Македонија - Албанија беше Јапонецот кој камерите го фатија со транспарент на кој го пишуваше презимето на Давид Бабунски.

Игор Ангеловски не го стави во игра фудбалерот на Јокохама Маринос, но без разлика на тоа, неговиот најголем фан се наоѓаше на трибините на стадионот Младост во Струмица за што му беше потребен пат од 9.300 километри.

Интересно е што истиов јапонски навивач за Давид Бабунски патуваше и во Полска на младинското Европско првенство на кое летово во јуни месец дебитираше Македонија.

6 септември 2017 - 09:24