Offside

Иако има 65 години, шпанскиот стратег нема воопшто богата клупска кариера. Го водел Алавес и уште три нисколигаши. Но неговата умешност лежи во селекторската работа. Во портфолиото има европска титула со Шпанија У-19, Шпанија У-21 и бронзен медал со У-23 на Летните Олимписки игри 2020. Со сениорите освои Лига на нации, ЕП и СП. Одиме со фактите.

Годината во која светот го запозна Килијан Мбапе

Секој нов настап му носеше нов рекорд и секој фудбалски извештај со него почнуваше со оценка за неговата игра изразена во суперлативи. Па зарем им ли фудбалски тинејџер во светот кој не посакува ваков блескав почеток во кариерата?

Како 2-годишно дете ја брани сестра му на борење

Во средината на декември во едно школо во Индијана се одржувал турнир во борење. 2-годишниот Џеш никако не можел да ја сфати борбата, мислел дека сестра му Руби е нападната и решава да ја одбрани. Голема љубов е во прашање.

Сањачот кој го погоди Ел Класико точен резултат

Махерот на колото, всушност не е од ова коло како што може да се забележи. Дечкото, инаку познат на редакцијата тврди дека ја уплатил точен резултат само поради една причина. Ја сањал дека така ќе заврши, ама без заебанции. И си го чува тикетот, со право.

Не бе каков фаул, не го пипна

Турција, 1999-та и еден подзаборавен дуел за кој судијата реши да НЕ досуди пенал, а тоа плаче за затвор.

Снимката што НБА ѕвезда сака да се тргне од интернет

Откако дојде во Индијана Пејсерс, Виктор Оладипо има во просек по 24,9 поени, 3,9 асистенции и 5,5 скока. Со негов кош во последна секунда Индијана го победи Сан Антонио а Оладипо игра неверојатно. Ама едно дете му покажа дека треба цврсто да стои на земја.

Муабетите на Кристијано и Меси сред Ел Класико

Раул и Пујол од трибините заедно го гледаа големото дерби после кое Барселона се одлепи на недостижни 14+ поени. „Ел класико“ мина во пристојна атмосфера меѓу двајцата најдобри играчи на денешницата.

Рој Хоџсон конечно го сретна својот близнак

Пред почетокот на мечот Свонси - Кристал Палас, гостинскиот тренер и некогашен селектор на Англија Рој Хоџсон конечно го виде својот двојник кој работи како редар на стадионот „Либерти“.

Играше во финале на Лига на шампиони, а сега е бездомник

Откако отслужи едногодишна суспензија од фудбалот, претрпел тежок развод од сопругата Орелие и поднел две тешки загуби на блиски роднини, Ебуе размислувал да си го одземе животот.

Нов гол на Адис Јаховиќ, овојпат против Галатасарај

Стотици навивачи на Ѓестепе се радуваа на стадионот на Галатасарај откако Јаховиќ прво изнуди а потоа реализираше пенал на дебито на повратникот Фатих Терим во Истанбул. Ова беше 14. гол сезонава за повремениот македонски репрезентативец.

Еврогол на син му на Клајверт

Ајакс долго време се мачеше со Вилјем II, губеше и со 0-1, за до крај да го скрши отпорот и да слави 3:1. Џастин Клајверт постигна еврогол.

Толку е јак што може да им игра и по чорапи

Сантијаго Бернабеу беше сведок на дебакл на европскиот и светски првак во Ел Класико кое заврши 0:3. Каталонците до толку си поигруваа со Реал, што Меси на третиот гол успеа да асистира без една копачка. 

Најубавите голови на челичниот Манчестер Јунајтед 1999/2000

Ја освоија Премиер лигата со бод повеќе од Арсенал, го победија Њукасл во финалето на ФА купот, а тројната круна ја заверија на најлуд можен начин. Со пресврт против Баерн Минхен во ЛШ. Зарем треба да ја редиме оваа епска генерација на Сер Алекс Фергусон. Гледајте и уживајте во голови и акции кои се гледаат во еден здив. Не се раѓа повторно ваков Јунајтед.

Она кога ќе го пропознаеш татко ти на ФИФА

Децата на Томас Вермален се разбира дека на ФИФА играат со Барселона. Моментот на кој му се стоплува срцето е кога ќе ги види како сите три го погодуваат на прва во хор.

Што ли промаши Рома во 93-та

Фудбалерите на Рома треба да жалат што си заминаа поразени од гостувањето против Јуве со 1:0. Судијата Паоло Таљавенто продолжи 5 минути, а во третата, Патрик Шик излезе очи во очи со Шчесни и ја загуби битката. Вакво нешто не се промашува на дерби меч.

Роденденско пиротехничко шоу на Сити Парк Бојс

Кошаркарите на Работнички ги срозија Струмичани со 51 поен разлика, а нивната најверна сенка истовремено направи луда роденденска атмосфера по повод 20 години од нивното постоење.

Шпанците играат баш најубав фудбал за око

Пет играчи, 19 контакти, 15 додавања, 16 секунди. Мајсторија.

Најјаката божиќна фудбалска атмосфера

Шалке и Келн играа куп натпревар, а нивните навивачи покажаа каква магична атмосфера може да се направи на стадион со жижици. Да со жижици, истите тие за кои бабите нè караат да не го избориме килимот. 

Како Французите го пречекале Трезеге кога промаши пенал во финале на СП

Главниот белег на финалето од Мундијалот во Германија 2006 го остави Зинедин Зидан кој се пензионираше со црвен картон, поради главата која му ја даде на Матераци. Но зад тоа финале има и други приказни, кои се тажни, но вредни за споделување.

Фудбалер во Серија Б даде 4 гола за 41 минута

Дуелот Тернана - Про Верчели заврши 4-3, а сите голови за домаќинот ги даде младиот Адриано Монталто кој му донесе прва победа на својот тим после цели два месеци. Монталто влезе на вечната листа стрелци на 4 гола на еден меч во Серија Б.

Марсело, Ковачиќ и Модриќ со тениско топче

Пред утрешното Ел Класико кое може да ја реши трката за титулата, играчите на Реал опуштено се загреваат со тениско топче.

Малака, врне снег па растура

Ламиа е град во централна Грција со околу 75.000 жители и се наоѓа на 213 километри од Атина. Таму во Купот гостуваше Панатинаикос а условите за игра беа како да ви кажеме. На крајот ПАО изгуби со 4-1 а грчките медиуми пренесуваат дека клубот е на работ од банкрот и пред финансиска пропаст.

Најдобриот детски писател меѓу фудбалерите - Тео Волкот

Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.