Денот кога Роналдињо постигна 23 гола на меч кој заврши 23:0

Ако мислевте дека Скудето, Ла Лига, Лига на шампиони, Копа Либертадорес, Златна Топка, Мундијал, Куп на Конфедерации и Копа Америка е врвно достигнување, тоа значи дека не ја знаете добро приказната за Роналдо де Асис Мореира, познат како Роналдињо.

Има извонредни партии за ПСЖ, Милан и пред за Барса и Бразил, но она што се двои посебно во неговата кариера е како бил забележан и “грабнат“ од страна на Гремио.
 
Роден и растен во Порто Алегре во скромно семејство, со мајка медицинска сестра и татко обичен работник кој починал од инфаркт кога Роналдињо имал 8 години и двајца браќа, Роналдињо, заедно со брат му Роберто биле единствена надеж за подобар живот во семејството.
 
Кога Роберто потпишал за Гремио се преселиле во поголема куќа која била донација од клубот за брат му на Роналдињо. Но една тешка повреда му ги срушила надежите за фудбалска кариера. Тоа го натерало да се концентрира на една друга фудбалска работа, а тоа е да го застапува брат му како менаџер.

Го нудел на повеќе регионални екипи и како млад го заработил својот прекар Роналдињо по кој денеска е познат по цел свет.
 
Во 1993-та му се случува најлудиот или најчудниот натпревар во животот или ќе речеме пресвртницата.
 
Роналдињо на само 13 години успева на еден натпревар да постигне 23 гола, сите за својот школски тим кој победил 23:0.
 
Настапот бил забележан и во весниците и така го добил првиот повик од школата на Гремио каде го потпишал првиот професионален договор во 1997-ма.
 
Останатото е историја.
 
Роналдињо во една прилика изјави:
„Можеби сум ружен, но тоа што го правам на терен има шарм. Кога ќе умрам, закопајте ме со топка. Со неа меѓу нозе научив сè што знам во животот“.
Среќен 38-ми роденден легендо.

21 март 2018 - 14:34