Аџибадем Систина во финишот поуспешна од ЈСП

Екипите на Вип, Аџибадем Систина и Макпетрол славеа победи во вториот ден од 16. коло во Бизнис лигата на Македонија.

Макпетрол сигурни во дуелот со ЕВН

Макпетрол 7-5(4-1) ЕВН

Макпетрол:Мишо Ѓоргиевски 4’ 10’ 21’ 29’ Александар Мишоски 6’ 7’ Чедомир Сарџовски 31’

ЕВН: Наум Бадаловски 12’ 38’ 39’ Томи Илиевски 28’ Ѓорѓи Поповски 35’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу Макпетрол и ЕВН помина во висок ритам на игра со многу шанси за гол и одлични погодоци. Во ова прво полувреме екипата на Макпетрол ја имаше контролата врз резултатот и играта, веќе во 10та минута имаа предност од 4-0. По ова високо водство екипата на ЕВН направи неколку промени во тимот што веднаш резултираше со погодок во 12та минута и намалување на водството. Сепак до крајот на полувремето екипата на ЕВН не успеа во намерата да го намали високото водство па на полувремето се замина со резултат од 4-1. На стартот на второто полувремеекипата на ЕВН започна со силен притисок кон голот на Макпетрол и фрлајќи се на една карта со цел да дојде до израмнувања. Ова отворена игра ја искористи екипата на која имаше контрола на играта и успеа да го добие натпреварот со резултат од 7-5.

Аџибадем Систина во финишот поуспешна од ЈСП

ЈСП 4-6(1-3) Аџибадем Систина

ЈСП: Далибор Миленковски 4’ Љупчо Павловиќ 19’ 29’ Марјан Србиновски 23’

Аџибадем Систина: Игор Ѓорѓиевски 4’ 13’ 25’ Александар Јаневски 6’39’ Никола Трајковски 32’

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу ЈСП и Аџибадем Систина видовме брз и динамичен фудбал, со воиграни акции одлични удари и атрактивни потези. Уште во раната фаза од натпреварот 4та минута екипата на ЈСП успеа да го отвори резултатот, но на овој брз погодок екипата на Систина имаше одговор и веќе во 6та минута успеа да направи целосен пресврт. До крајот на полувремето се редеа шанси на двете страни и во таквата бркотница на теренот поснаодлива беше екипата на Систина која го доби полувремето со резултат од 2-3. Во второто полувреме на самиот старт екипата на ЈСП успеа да постигне погоок и да дојде до израмнување. Во остатокот од полувремето се играше изедначен фудбал и двете екипи притиснаа кон противничките голови и се чекаше на грешка во одбраната за реализација. Во финишот од натпреварот посупешна се покажа екипата на Систина која го доби овој наптпревар со 4-6

Вип ја продолжи победничката серија

Вип 9-3(5-1) Бетон

Вип: Иле Никодиновски3’ 6’ 12’ 15’ 16’ Мартин Тодоровски 28’ Ненад Богдановиќ 32’ Сашо Србаков 37’ 40’

Бетон: Иван Николовски 20’ 38’ Никола Стојановски 22’

Првото полувреме од натпреварот помеѓу екипите на Вип и Бетон помина во знакот на екипата на Вип предводена од расположениот Никодиновски кој успеа да постигне 5 погодоци до крајот на полувремето. Екипата на Бетон се обидуваше да најде против игра за денес расположениот Вип но сепак во ова прво полувреме екипата на Бтон успеа само да постигне еден гол и да го намали високото водство. На полувремето се замина со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на Бетон се обидуваше преку контра напади да го намали високото водство на Вип но денеска имаа слаба реализација. Екипата на Вип во ова второ полувреме одработи доста рутинирано и успеа да го задржи високото водство стекнато во првата фаза од натпреварот. На крајот од натпреварот резултатот беше 9-3

21 март 2018 - 09:04